Казанџија

(Пренасочено од Казанџиство)

Казанџија – занаетчија што изработува казани, бакарни садови и други предмети од бакар[1]. Садовите во кои се наоѓала храна се калаисувале заради тоа што оксидот на бакарот е отровен.

Казанџискиот занает на Балканот и во Македонија постои повеќе од пет века и еден од најстарите занаети на овие простори.

Историја

уреди
 
Казанџија прави казан
 
Казанџија, приказ од 16 век
 
Казанџиски дуќан во стара чаршија

Се смета дека казанџискиот занает потекнува од Персија и Индија кои се богати со бакарна руда. Во Грција првпат се споменуваат бакарни садови во 3 век п.н.е., а подоцна преку Грција со овие садови се запознале и Римјаните. Меѓутоа, во Европа во текот на целиот среден век се користеле земјени садови. Балкански ПолуостровБалканскиот Полуостров, каде бакарните садови ги донеле Турците, бил единствен дел на Европа каде овие садови се произведувале и употребувале. Казанџиите првпат се споменуваат во XVI век. Во 1511 година од Сараево за Дубровник за продажба биле извезени 135 „сахани“ (бакарни чинии) кои ги изработиле сараевските казанџии.[2]

Казанџискиот занает во втората половина на XIX и почетокот на XX век го достигнува својот зенит. Меѓу двете светски војни, побарувачката за бакарни предмети постепено слабее. Се јавуваат фабрички производи. Индустријализацијата и модернизацијата неумоливо влијаат на тивко исчезнување на овој стар занает. Во XXI век казанџиите главно се занимаваат со производство на казани за варење ракија и поправки на постојни производи.

Производи

уреди

Казанџискиte производи биле разновидни и многубројни.

  1. казани (перс. голем бакарен котел кој од страните има рачки за носење
  2. садови во кои се носела и чувала вода: ѓумови, ибрици, леѓени;
  3. садови во кои се спремала храна: лонци, тенџериња, чинии, тави, тепсии;
  4. прибор за послужување кафе: ибрици, ѓезве, кутии за кафе и шеќер;
  5. сакрални предмети: дискоси, кадилници, пехари, казани за крстилница;
  6. производи за осветлување...

Предметите од бакар биле во широка употреба и во градот и на село. Често имале и декоративна функција, за која цел предметите биле гравирани.

Казанџиски работилници

уреди

Изработка на предмети

уреди

Централно место во казанџиските работилници заземал огнот на кој се топел бакарот кој се обезбедувал во сирова состојба. После топесето, бакарот со тешки чекани бил развлекуван во табли, а потоа се пристапувало на изработка на одреден предмет. Со оглед дека бакарот е склон на оксидација која се твори отровна метална патина, неопходно е садовите за јадење и пиење да се калаисуваат по изработката.

Суровини

уреди

Главни суровини во казанџискиот занает се: бакар, калај и нишадор.

Алат

уреди

Во казанџиска работилница најважни алати биле наковална, мев за дување на огнот, дрвени и метални чекани, казанџиска клешта, турпии и ножици. Во современо време, покрај наведените рачни алати во казанџиските работилници се користат и разни машини.

Еснаф

уреди

Казанџискиот еснаф бил првиот занаетчиски еснаф во кој занаетчиите станале и трговци – тргувале со бакар, калај и сите казанџиски производи.

Наводи

уреди
  1. „Казанџија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Гвозденовић 2009: Ирена Гвозденовић, Казанџијски занат, у: Група аутора, Стари занати у Србији, Београд : Етнографски музеј, 65-68.

Надворешни врски

уреди