Кавадаречки срез
Кавадаречки срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.
Организација и население
уредиКралство Србија
уредиПо припојувањето на овој дел кон Кралството Србија, бил формиран Неготински срез, каде што припаѓале и кавадаречките села. Посебно бил издвоен градот Кавадарци со 5.861 жител. Набргу по Втората балканска војна, бил формиран посебен Кавадаречки срез, независен од Неготинскиот.[1]
Кралство СХС
уредиВо 1921 година, срезот имал 13 општини и еден град. Градот Кавадарци имал 5.522 жители, а кавадаречката околина имала 19.629 жители.
Јазик
уредиВо градот Кацадарци 84% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 15% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 89% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот (10%).[3]
Јазик | Кавадаречка околина | Град Кавадарци | Вкупно | % |
---|---|---|---|---|
Српски или хрватски | 17520 | 4671 | 22191 | 88.23 |
Турски | 2088 | 827 | 2915 | 11.58 |
Други | 21 | 24 | 45 | 0.19 |
Религија
уредиВо градот Кавадарци 59% од населението било православно, додека 43% биле муслимани. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 73% биле православни, а 23% биле муслимани.[4]
Религија | Кавадаречка околина | Град Кавадарци | Вкупно | % |
---|---|---|---|---|
Православни | 14446 | 3139 | 17585 | 69.91 |
Муслимани | 5182 | 2368 | 7550 | 30.01 |
Други | 1 | 15 | 16 | 0.08 |
Кралство Југославија
уредиВо 1931 година, Кавадаречкиот срез имал 10 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 5.504, додека селското население било 18.415. Целиот срез имал 23.919 жители. Како православни се изјасниле 92% од жителите, додека како муслимани 7%.[5]
96% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[6], додека 3% збореле на друг јазик (во најголем дел турски).
Во ФНРЈ
уредиПо Втората светска војна, Кавадаречкиот срез преминува во Кавадаречка околија.
Наводи
уреди- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ Македонскиот јазик бил сметан за српски.
- ↑ „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ Во иста графа.