Неготински срез
Неготински срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.
Организација и население
уредиКралство Србија
уредиПосле Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Неготинскиот срез припаѓал на Тиквешкиот округ, заедно со Гевгелискиот и Дојранскиот срез. Како центар на срезот бил градот Неготино. Во 1913 година тој има 32 општини, со 114 села, 5 селца, две гратчиња и 5 манастири. Градското населние изнесувало 9.911, додека селското население изнесувало 35.685 жители.[1]
Број | Име на
општината |
Број
на села |
Колку часови е оддалечена
општината од Неготино |
Жители |
---|---|---|---|---|
1 | Бањска | 3 | 3:30 | 355 |
2 | Беглишка | 7 | 4 | 2120 |
3 | Бесвичка | 3 | 3 | 1311 |
4 | Бистреничка | 3 | 2:15 | 1100 |
5 | Бојанчишка | 4 | 9 | 1644 |
6 | Бохулска | 4 | 6 | 1280 |
7 | Ватошка | 2 | 2 | 925 |
8 | Велико Радобиље | 5 | 9 | 1253 |
9 | Војшанска | 3 | ? | 519 |
10 | Доњо-дисанска | 3 | 1:30 | 1830 |
11 | Драговска | 11 | 6 | 2048 |
12 | Дреновска | 12 | 6:45 | 2841 |
13 | Иберлијска | 3 | 5 | 951 |
14 | Калањевска | 4 | 4:30 | 389 |
15 | Клисурска | 1 | 6 | 433 |
16 | Кончанска | 2 | 8 | 786 |
17 | Криволачка | 1 | 1 | 650 |
18 | Куријска | 5 | 2:15 | 659 |
19 | Лесковичка | 5 | 5:30 | 1393 |
20 | Маренска | 4 | 1 | 936 |
21 | Мрзен-ореовачка | 3 | 6 | 795 |
22 | Неготинска | 1 | 0 | 4050 |
23 | Пепелишка | 1 | 1:15 | 600 |
24 | Прждевска | 3 | 2:30 | 1416 |
25 | Рожденска | 2 | 12 | 1372 |
26 | Росоманска | 1 | 3:30 | 600 |
27 | Сирковачка | 2 | 4 | 2702 |
28 | Скорушка | 4 | 8 | 735 |
29 | Страговска | 6 | 5 | 1802 |
30 | Тимјаничка | 1 | 0:30 | 1030 |
31 | Уланска | 5 | 4 | 615 |
32 | Џидимирска | 6 | 3:30 | 595 |
// | Кавадаречка | / | / | 5.861 |
Кралство СХС
уредиВо 1921 година, срезот бил поделен на два дела, односно од него се издвоил Кавадаречкиот срез. Другиот дел останал во рамките на Неготинскиот срез, па така тој имал 14 општини и еден град. Градот Неготино имал 2.118 жители, а целиот срез имал 14.828 жители. Поради Првата светска војна, населнението е општо намалено секаде, а во самиот град дури и преполовено.
Јазик
уредиВо градот Неготино 99% од населението говорело српски или хрватски[2]. Од другата страна пак, во целиот срез 71% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот[3] (28%).[4]
Јазик | Неготинска околина | Град Неготино | Вкупно | % |
---|---|---|---|---|
Српски или хрватски | 8369 | 2113 | 10482 | 70.69 |
Турски | 4123 | 4 | 4127 | 27.83 |
Други | 218 | 1 | 5132 | 1.48 |
Религија
уредиВо градот Неготино 99% од населението било православно. Од другата страна пак, на ниво на целиот срез, 33% биле православни, а 66% биле муслимани.[5]
Религија | Неготинска околина | Град Неготино | Вкупно | % |
---|---|---|---|---|
Православни | 2836 | 2108 | 4944 | 33.34 |
Муслимани | 9819 | 10 | 9829 | 66.28 |
Други | 55 | 0 | 55 | 0.38 |
Кралство Југославија
уредиВо 1931 година, Неготинскиот срез имал 8 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 2.519, додека селското население било 10.357. Целиот срез имал 12.876 жители. Како православни се изјасниле 54% од жителите, додека како муслимани 43%.[6]
77% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 20% говореле на друг јазик (во најголем дел турски).
Во ФНРЈ
уредиПо Втората светска војна, Неготинскиот срез преминува во Неготинска околија.
Наводи
уреди- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ Македонскиот јазик бил сметан за српски.
- ↑ Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
- ↑ „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ Во иста графа.