Кабаснички манастир
Кабаснички манастир „Св. Марко“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Μάρκου) — женски манастир во селото Кабасница, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Кабаснички манастир | |
---|---|
Свети Марко | |
Αγίου Μάρκου | |
40°48′5″N 21°23′10″E / 40.80139° СГШ; 21.38611° ИГД | |
Место | Кабасница, Леринско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 1864 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Леринско |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Манастирот се наоѓа во подножјето на планината Баба на надморска височина од 959 м. Основан е во 1864 г. од митрополитот Мелетиј Мегленски.[1] Според секретарот на егзархиската митрополија Васил Трифонов, годината на создавање на манастирот е 1862 и е посветен на Свети Атанасиј и на Свети Евангелист Марко.[2]
Сè крајот на отоманското владеење, манастирот останал патријаршиски.[2] За време на грчка вооружена пропаганда во Македонија на почетокот од XX век бил седиште на андартските чети во нивната борба против комитите на ВМОРО. Во него често престојувале Павлос Мелас, Лакис Пирзас и други андартски капетани.[1]
Со припојувањето на Егејска Македонија кон Грција по Балканските војни (1912 – 1913) манастирот доживеал расцут, но за време на Граѓанската војна (1946 – 1949) бил целосно уништен од бомбардирање и останал запустен. Во 2000 г. митрополитот Теоклит Лерински го обновил монашкиот живот во него. Изградени се нови конаци, а црквата е целосно обновена.[1][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ι.Μ. Αγίου Μάρκου – Πρώτη“. Ιερά Μητρόπολη Φλωρίνης, Πρεσπών και Εορδαίας. Посетено на 1 јануари 2015.
- ↑ 2,0 2,1 Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 199.
- ↑ „Ιερά Μονή Αγίου Μάρκου“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]