Историја на Латвија
(Пренасочено од Историја на Летонија)
Територијата на денешна Летонија во минатото билс позната и како Ливонија. Во 13 век, овие територии паднале под влијание на германскиот рицарски орден Браќа на мечот. Во XVIII век и XIX век била завладеана од страна на Руската Империја. По Првата светска војна, Летонија ја објвила својата независност на 18 ноември 1918 година. На 17 јуни, територијата и била анексирана од страна на СССР, и таа како таква се нарекувала Латвиска ССР. На 21 август 1991 година Летонија ја објавила својата независност. Во 2004 година станала членка на НАТО и ЕУ.