Историчарка — деби-роман на американската авторка Елизабет Костова издаден во 2005 година. Содржината е мешавина на историјата и фолклорот на Влад Чепеш и неговиот измислен еквивалент грофот Дракула. Таткото на Костова бил тој кој и раскажувал приказни за Дракула кога била дете, а подоцна во животот таа се инспирирала искуството да го преточи во роман. На книгата работела десет години, а потоа ја продала во рок од неколку месеци на издавачката куќа Little, Brown and Company, кои ја купиле за 2 милиони американски долари.

Критичарите ја опишале Историчарка како комбинација на жанрови, вклучувајќи готски роман, авантуристички роман, детективска фикција, патепис, постмодерен историски роман, епистоларен еп и историски трилер. Намерата на Костова била да напише сериозно литературно дело и се гледала себеси како наследник на викторијанскиот стил. Иако делумно базирана на романот Дракула напишан од Брам Стокер, Историчарка не е хорор, туку морничава приказна. Една од темите е улогата на историјата во општеството и нејзиното прикажување во книгите, како и природата на доброто и злото. Како што објаснува Костова, „Дракула е метафора за злото што е тешко да се отстрани во историјата“.[1] Посебна тема е злото што произлегува од религиозниот конфликт, а романот за да го прикаже тоа ги истражува односите помеѓу христијанскиот запад и исламскиот исток.

Издавачката куќа засилено ја промовирала книгата со што таа станала првиот дебитантски роман кој го достигнал првото место на <i id="mwKg">листата на</i> бестселери на Њујорк Тајмс уште во првата недела од продажбата. Од 2005 година, романот е најбрзо продаваниот дебитантски роман во историјата на САД. Романот бил оценет со помешани критики. Додека некои критичари го пофалиле описот на книгата на позадината во која се одвиваат дејствата, други ја критикувале нејзината структура и недостаток на тонска разновидност. Костова ја добила наградата „Бук Сенс“ во 2006 година во категоријата најдобра фантастика за возрасни и „Наградата Квил“ во категоријата дебитантен автор на годината. Компанијата Сони ги купила филмските права и од 2007 година, планирала адаптација.

Наводи

уреди
  1. Jane Sullivan, "Dracula and the human factor", The Age (3 June 2006). Retrieved 17 February 2011.