Истокот е црвен
„Истокот е црвен“ (кин. 东方红, пинјин: Dōngfāng hóng, мактр. „Дунгфанг хунг“) — комунистичка песна, де факто химна на Народна Република Кина за време на Културната револуција во 1960-тите години. Зборовите на песната му се припишуваат на извесен Ли Јоујуен, земјоделец од северот на провинцијата Шенси, кој ја презел мелодијата од некоја локална народна песна. Тој наводно се инспирирал гледајќи го изгрејсонцето во утрината на еден сончев ден.
Песната се пуштала по разглас во секој град и село во мугри и на зајдисонце. Програмата почнувала со „Истокот е црвен“, а завршувала со Интернационалата. Секој ден учениците морале да ја пејат песната во хор на првиот час, пред да почне наставата. Во овој период Тјен Хан, авторот на официјалната химна „Марш на доброволците“ бил затворен, и затоа таа не била во употреба.
Подоцна во 1969 мелодијата на песната е вметната во славниот „Концерт за Жолтата Река“ од Јин Ченгцунг, кој пак се заснова на композицијата „Кантата за Жолтата Река“ од Сјен Сингхај.
Заради тесноповрзаноста со Културната револуција, по доаѓањето на Денг Сјаопинг во доцните 1970-ти години песната насекаде престанала да се изведува и пушта. Денес во Кина таа се смета за неубав спомен од времињата на култот за Мао и речиси насекаде е заменета со „Марш на доброволците“, чијшто текст никаде не ја споменува ниту партијата, ниту Мао. Во скекојдневен контекст „Истокот е црвен“ денес може да се чуе на електронски запалки со ликот на Мао, кои се популарни туристички сувенири.[1]
Мелодијата на песната сè уште се одѕвонува на секој час дневна светлина од кулата на зградата на управата во Шангај, како и на тапанаријата во Сиан. Истата може да се чуе и на часовни интервали во Пекиншката железничка станица.
Текст
уредиКинески (упростено) | Пин-јин | Македонска транскрипција[2] | Македонски препев |
---|---|---|---|
东方红,太阳升, |
Dōngfāng hóng, tàiyáng shēng, |
Дунгфанг хунг, таијанг шенг, |
Истокот е црвен, сонцето изгрева. |
Надворешни врски
уреди- Утринско Сонце - Филмска страница за Културната револуција (англиски)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ "Балсамирање на Мао", http://www.theage.com.au/articles/2004/10/22/1098316847424.html, проверено 4 мај 2008 (англиски)
- ↑ Транскрипцијата е слободна, и не се држи строго до правилата заради запазување на изворните гласови во песната.
Надворешни врски
уреди- „Истокот е црвен“ - mp3 снимка
- „Истокот е црвен“, кинеска кореографска претстава од 1965 г. на YouTube.