Испарта (покраина)
Испарта (турски: Isparta ili) — покраина во југозападна Турција. Соседни покраини се Афјон на северозапад, Бурдур на југозапад, Анталија на југ и Конија на исток. Зафаќа површина од 8.993 км2, а населението брои 448.298 жители. Административен центар е градот Испарта.
Испарта Isparta ili | |
---|---|
Покраина во Турција | |
Местоположба на покраината Испарта во Турција | |
Земја | Турција |
Регион | Средоземен |
Површина | |
• Total | 8,993 км2 (3,472 ми2) |
Население (31 декември 2010)[1] | |
• Total | 448,298 |
• Густина | 50/км2 (130/ми2) |
Повик. бр. | 0246 |
Рег. таб. | 32 |
Мреж. место | isparta.gov.tr |
Покраината е позната по своите јаболка, вишни, грозје, рози и розини производи, како и по убавите ќилими. Најплодна е почвата кај Улуборлу. Испарта се наоѓа во Езерскиот крај (Göller Bölgesi) на Средоземниот регион на Турција, богат со езера.
Окрузи
уредиПокраината се дели на 13 окрузи (административниот центар е задебелен):
Познати личности
уреди- Еркан Мумџу - министер
- Неџметин Садак - шеф на турската дипломатија
- Сулејман Демирел - премиер на Турција
- Зеки Демиркубуз - филмски режисер
Галерија
уреди-
Клисурата Ќопрулу во Сутчулер
-
Антиохија, округ Јалвач
-
Егирдирско Езеро, округ Егирдир
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Испарта (покраина)“ на Ризницата ? |
- Управник на покраината Испарта (турски)
- Управен портал на Испарта (турски)
- Градски водич на Испарта Архивирано на 5 март 2021 г. (турски)
Оваа статија место во Турција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |