Искра Донева (20 јули 1983, Скопје) — македонска поетеса.

Животопис

уреди

Искра Донева е родена на 20 јули 1983 во Скопје, каде завршила основно образование и природно-математичка гимназија. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а на истиот факултет се запишала и на постдипломски студии. Таа е член на поетскиот кружок „Мугри“, како и на клубот „Унеско: Живите јазици - прозорец кон светот“.[1]

Творештво

уреди

Искра Донева започнала да пишува и да објавува поезија на седумгодишна возраст. Во 2000 година излегла нејзината прва збирка поезија „Говорот на срцето“. Исто така, таа објавувала поезија и во списанијата: „Огледало“, „Феникс“, „Мравка“, „Спектар“, „Наше писмо“, како и во електронските списанија „Мираж“ (www.mirage.com.mk) и „Литернет“ (http://liternet.bg). Во 2006 година ја објавила првата збирка со хаику-поезија „Кој ќе ги згрее птиците“, а во 2009 година излегла и втората збирка со хаику-поезија „Небеска раскрсница“. Нејзини песни се преведени на англиски, полски, бугарски и француски јазик, а таа се занимава и со превод од англиски и француски јазик.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Искра Донева, Небеска раскрсница, Магор, 2009, стр. 106.