Небеска раскрсница
Небеска раскрсница (англиски: Crossroad in the Sky) е збирка хаику поезија од македонската поетеса Искра Донева, објавена од издавачката куќа „Магор“ во 2009 година. Збирката е двојазична - на македонски и англиски јазик, а препевот на стиховите на англиски јазик го извршила Мирослава Павлова Аневска.
Технички податоци
уредиКнигата е отпечатена во мек повез, со димензии од 17 сантиметри и има 116страници. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-183-72-0. Лектурата ја извршил Дејан Василевски, а дизајнот на корицата и техничкото уредување е дело на Thibaud Mathelot.[1]
Содржина
уредиЗбирката содржи 100 хаику песни, а на крајот од книгата е дадена био-библиографија на авторката, како и поговор под наслов „Пред интермедијалните раскрсници на Искра Донева“, напишан од Владимир Мартиновски, а неговиот превод на англиски јазик го извршила Марија Џонс. Покрај песните, во збирката има повеќе фотографии во црно-бела техника и во боја, дело на 20 современи македонски уметници.[2]