Исак Контостефан
Исак Контостефано — византиски адмирал за време на владеењето на Алексиј I (1081–1118), одбележан по неговата неспособност во војните против Норманите.
Животопис
уредиКонтостефано првпат се спомнува во 1080 година, за време на царскиот поход против бунтовникот Никифор Мелисен. За време на походот, тој паднал од својот коњ и скоро да бил фатен од Мелисеновите турски сојуници, но бил спасен од Ѓорѓи Палеолог.[1] Повторносе споменува, како носител на титулата протонобелисим, за време на соборот во Влахерна во 1094 година.[1]
До 1105 година, Контостефан станал постар адмирал (дукс) во византиската морнарица. Со очекуваната норманска инвазија на Боемунд, Контостефан бил именуван за мега дукс, наследувајќи го Ландулф, и бил испратен до Драч за да го пресретне.[2][3] На сопствена инијацитива, сепак, Контостефан се одлучил да го нападне Отранто во Италија, кој бил бранет од Ема Апулиска. Иако неговите сили на брзина го заземале градот, Контостефан дозволил да биде вовлечен во преговори со Ема, кои таа ги одолговлекувала сè додека не пристигнале засилувања. Бидејќи биле поразени од новопристигнатите сили, Контостефан и неговата флота се повекле кон албанскиот брег.[4] Претворајќи го Авлон во своја база, тој започнал да го патролира Отрантоскиот проток. Кога разбрал дека Боемундувата армија се подготува да го премине морето, сепакr, поголемиот дел од армијата се ипаничила и избегала кон Химара, додека Контостефан не бил во можност да воспостави ред.[5]
По успешното пристигнување на Боемунд, царот го задолжил Контостефан за пресретнување на норманските снабдителни конвои, но и тука не бил успешен. По приемот на писма од Ландулф опишувајќи ја Контостефановатанеспособност, Алексиј конечно го разрешил конечно во летото 1108 година и го заменил за Маријан Мавроматакал.[3][6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Skoulatos 1980, стр. 131 .
- ↑ Skoulatos 1980, стр. 131, 171 .
- ↑ 3,0 3,1 Guilland 1967, стр. 543 .
- ↑ Skoulatos 1980, стр. 131–132 .
- ↑ Skoulatos 1980, стр. 132 .
- ↑ Skoulatos 1980, стр. 132, 171 .
Извори
уреди- Guilland, Rodolphe (1967). Recherches sur les Institutions Byzantines, Tome I (француски). Berlin, Germany: Akademie-Verlag.
- Skoulatos, Basile (1980). Les Personnages Byzantins de I'Alexiade: Analyse Prosopographique et Synthese (француски). Louvain-la-Neuve, Belgium: Nauwelaerts.