Знаме на Иран
(Пренасочено од Иранско знаме)
Знамето на Иран е официјалното знаме на државата усвоено на 29 јули 1980 година. Денешниот дизајн на знамето е како резултат на Иранската револуција. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Иран во црна боја што всушност е стилизирана форма на зборот „Господ“. Исто така, на самата граница на црвената и зелената лента има натпис на куфичко писмо во бела боја. Натписот значи „Господ е голем“ и се повторува 22 пати што се совпаѓа со 22 ден од 11 месец, денот кога била Исламската револуција.
Симболизам
уредиБоја | Опис |
---|---|
Зелена | Симбол на надежта и развојот |
Бела | Симбол на честа и мирот |
Црвена | Симбол на храброста и љубовта |
Поврзано
уреди„Знаме на Иран“ на Ризницата ? |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Иран — „Знамиња на светот“
- Знамиња на Персија Архивирано на 5 октомври 2010 г.—Encyclopædia Iranica
Оваа статија за Иран е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |