Иполит Тен
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Иполит Адолф Тен (21 април 1828 во Вузије, Арден – 5 март 1893 во Париз) бил француски критичар и историчар. Тој бил предводник на теориското влијание на францускиот натурализам, голем поддржувач на социолошкиот позитивизам и еден од првите практикувачи на историската критика. Книжевниот историзам како критичко движење се смета дека потекнува од него. Тен е всушност познат по неговиот тројно разгранет пристап на контекстуалните учења за уметноста, засновани на аспектите кои тој ги нарекува раса, средина и момент. Тен има значајно влијание врз француската книжевност; 1911 Енциклопедија Британика посочува дека „тонот кој преовладува во делата на Зола, Бурже, Мопасан може да биде директно поврзан со влијанието на Тен.“
Младост и образование
уредиТен е роден во Вузје, посетувал училиште со интернат во институцијата Мате, чиишто часови биле организирани во колеџот Бурбон, на возраст од 13 години во 1841 г., по смртта на неговиот татко. Тој успеал како ученик, освојувајќи голем број награди во научни и општествени предмети и завршувајќи два факултети во Еcole Normale пред да наполни 20 години. Спротивните мислења во врска со политиката му донеле на Тен тешкотии во одржувањето на образовните работи и неговата рана академска кариера била со сигурност измешана; не го положил испитот за Concours d’Agregation во 1851. Откако неговиот дипломски труд за сензацијата бил одбиен, Тен ги напуштил студиите по социолошки науки, сметајќи дека книжевноста е побезбедна. Го завршил докторатот во Stobonne во 1853, со очигледно поголем успех во новата област; дипломскиот труд, Essai sur les fables de La Fontaine, му донел награда од Француската академија.
Политика
уредиТен бил критикуван во неговото време, но и потоа, и од конзервативците и од либералите; неговите размислувања во врска со политиката биле прогресивни, но имал константни делови скептицизам кон левичарите; на 20 години напишал дека „правото на сопственост е апсолутно.“ Питер Геј ја опишува реакцијата на Тен кон јакобинците како понижувачка, сликата за француската револуција, за која Тен изјавува: „Некои од работниците се паметни политичари чијшто единствен предмет е да ја убедат јавноста со зборови наместо со дела; други, обични пишувачи на апстракции, или дури незнајковци, и неспособни да разликуваат зборови од дела, замислете дека тие ги урамуваат законите со влечење заедно многу фрази.“
Ваквата реакција го натерала Тен да го одбие францускиот устав од 1793 како јакобински документ, неисправно претставен на францускиот народ. Тен ги одбил принципите на Револуцијата во замена за индивидуализмот на неговите концепти за регионализам и раса, до таа точка што еден автор го нарекува еден од „најголемите поддржувачи на францускиот национализам и конзервативизам“.
Раса, основа и момент
уредиТен е најдобро познат по неговиот обид за научен пристап кон книжевноста, заснован на категориите раса, средина и момент. Тен ги користел овие зборови на француски (race, milieu et moment); овие термини се прошириле и во книжевната критика во Англија, но се употребувале во контекст поблизок до француското значење на зборовите отколку англиското, каде што грубо значат нација, опкружување или ситуација, и време.
Тен верувал дека книжевноста е во голем дел производ од опкружувањето на авторот и дека анализата на тоа опкружување може да го обезбеди вистинското значење на книжевното дело. Во оваа смисла тој бил социолошки позитивист со важни разлики. Тен со раса не мислел на специфичното значење денес познато, туку мислел на колективниот културен карактер на сите без нивно знаење или согласност. Она што ги разликува поединците од колективната раса, за Тен е средината: посебните случајности кои го менуваат или развиваат карактерот на определена личност. Моментот е собраните искуства на таа личност, која Тен често ја нарекува моментум; некои подоцнежни критики сметаат дека овој концепт на Тен е многу сличен со оној на Zeitgeist.
Иако Тен ги составил и прославил фразите„race,milieu et moment,“ теоријата сама по себе има корени во пораните обиди да се разбере естетскиот објект како општествен производ, а не како спонтана творба на гениј. Тен многу се потпирал на идеите на филозофот Јохан Готфрид Хердер за Volk (луѓе) и нација во неговиот сопствен концепт за раса; шпанската писателка Емилија Орадо Басан посочила дека основата на идејата на Таин потекнува од делата на Жерман де стал за врските помеѓу уметноста и општеството.
Влијанието на Тен врз француската интелектуална култура и книжевност било огромно. Тој имал посебна врска со Емил Зола. Како критичар Филип Вокер за Зола рекол ”страна по страна, вклучувајќи многу од неговите познати дела, ни се претставува мимеза на меѓусебното влијание помеѓу сензација и имагинација, кои Тен ги проучувал како величествени должини од кои, тој верувал, произлегува светот на умот.“ Потпирањето на Зола врз Тен првенствено било сметано како промашено; Мигел де Унамуно, по првата фасцинација од Зола и Тен, заклучил дека влијанието на Тен врз книжевноста, сè на сè, било негативно.
Тен исто така влијаел и на националистичките книжевни движења околу светот, кои ги употребувале неговите идеи за да расправаат дека определени држави имаат различна книжевност и исто така различно место во книжевната историја. Во продолжение, постмодернистичките книжевни критики се заитересирале за врската помеѓу книжевноста и општествената историја (вклучувајќи го и новиот историзам), продолжувајќи да ги цитираат делата на Тен и спроведувајќи ја идејата за раса, средина и момент. Критичарот Џон Чепл, на пример, ги употребувал термините како илустрација за неговиот концепт на „содржајна историја“ Тен исто така бил и предмет за докторската теза „Филозофијата на Иполит Тен” на Штефан Цвајг.
Критика
уредиГлавната критика на концептот „раса, средина и момент“ во времето кога е создадена идејата била недоволен да ги земе предвид индивидуалноста на уметникот клучна за творечкиот гениј на романтизмот. Дури и Зола, којшто должи толку многу на Тен, имал приговор, тврдејќи дека темпераментот на уметникот би можел да го доведе да направи уникатен уметнички избор кој се разликува од животната средина, која што ја оформува неговата општа гледна точка; во основниот пример на Зола бил сликарот Милтон Мане. Слично на тоа, Густав Ленсон тврдел дека раса, средина и момент не можат по себе да се сметаат за гениј; Тен ја објаснил просечноста подобро отколку што ја објаснил големината.
Различни критики се однесуваат на можниот недостиг на логика и научна основа на трите концепти. Како што Лео Шпицер напишaл, вистинската идеја на науката е нејасно дефинирана и кревка како дарвинистичката, и набрзо по објавувањето на делото на Tен голем број на приговори биле направени врз научни основи. Шпицер, исто така, укажува, повторно наведувајќи периодични извори, дека врската помеѓу трите термини меѓусебно никогаш не била добро разбрана, и дека е возможно да се тврди дека моментот е непотребно воведен и имплициран од другите два.