Институт за информатика (ПМФ)

(Пренасочено од Институт за информатика)

Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет во Скопје бил наследник на математичкиот институт со нумерички центар создаден во 1960-тите години. Тоа е првата високообразовна институција во која од учебната 1979/1980 година биле воведени првите студии по информатика во Македонија. Во врвот на својата дејност, институтот за информатика годишно создаваше стотина дипломирани инженери по информатика и десетина професори за средното образование.

Логото на институтот.

Со законските измени од 2011 година се формираше нов Факултет за информатички науки и компјутерскo инженерство во рамките на УКИМ, по што сите вработени на Институтот за информатика, како и повеќе од 80% од тековните студенти, избраа да продолжат со својата работа и студии на новоформираниот факултет. ПМФ не ги згасна студиите по информатика, но го намали обемот на работа и уписните квоти до бројки насочени само кон дозавршување на студиите на постојните студенти кои избраа да останат на ПМФ.

Последните наставни планови и програми на ИИ се засновани на препораките CC2001, SE2004 и IS2002, предложени од најпознатите светски асоцијации кои ги обединуваат информатичарите во светот IEEE, АКМ, AIS и AITP и започнаа да се применуваат во учебната 2005/2006 година. Со тоа стануваат најсовремени студии по информатика не само во Македонија, туку и пошироко. Последна ревизија на наставните планови беше извршена во 2009 година, задржувајќи ги повеќето предмети и профили, со одредени реструктурирања со цел зголемување на изборноста на предметите до 50% од вкупниот број.

Во периодот до 2010 година Институтот за информатика беше компјутерски најопремена високообразовна институција во Македонија и располагаше со седум компјутерски лаборатории со постојан интернет пристап, каде секој студент има свое работно место на практичните вежби и одлични услови за самостојно работење на проекти од различни предмети.

Во 2014 сите студенти (помалку од 20% од вкупниот број) кои одбраа да не се префрлати на ФИНКИ ги завршија студиите со што Институтот за Информатика на ПМФ и официјално престана да постои, а сите насокии од областа на информатичките науки се реформираа и префрлија на обединиетиот ФИНКИ со што ФИНКИ стана најголемиот и најелитен технички факултет по сите параметри во Република Македонија.

Надворешни врски

уреди