Илуминиран ракопис

(Пренасочено од Илуминирани ракописи)

Илуминиран ракопис и илуминација (живописани ракописи) — живописи украсени средновековни ракописи. Сликите во нив се работни со живи бои, а некои делови се украсувани и со злато. Уметник кој работел илуминации се нарекувал илуминатор. Најпрво авторот на текстот ќе го напишел ракописот, а потоа ќе го прател на илуминатор на конечна обработка.

Мирославово евангелие од Србија
Зографското евангелие од Македонија.
Папирусот на Романца, фрагмент на свиток од II век има најстари сочувани илуминации. Национална библиотека, Париз

За изработка на живописи се употребувале проѕирни или матни бои, а златото се нанесувало во ливчиња или во прав. Во почетокот било користено злато со боја на бакар, а нешто подоцна злато со црвеникав отсјај.

Ракописите во повеќето случаи биле пишувани на латински језик. Повеќето илуминатори не знаеле да пишуваат и биле неписмени, па авторите ги пишувале сите букви аа да не погрешат илуминаторите. Илуминатори ги украсувале и почетните големи букви. Овие букви се нашѓале на почетокот на книгата, на почетокот на страницата или деловите. Бојата илуминаторот сам си ја приготвувал и ја нанесувал во неколку слоеви поради сенките. Најпрво ги боел мотивите со една боја, а потоа приступувал кон боење на другите делови со друга боја.

Илуминации имаат своја дамнешна историја и почетоци уште од Египет каде свитоците се украсувале со слики, а се среќава и во грчките и коптските книги од IV век п.н.е., меѓутоа најзначаен развој се случил восредниот век. Иницијали во античките ракописи биле повеќе или помалку геометризирани, иако се јавуваат и растителни мотиви. Во средниот век илуминирање било спроведено и на рабовите на страниците. Бидејќи пишување и сликање на ракописи со живописи барало многу време – неретко и повеќе години – голем број ракописи останале неукрасени. Во времето на романиката се појавуваат илуминации на Библијата и црковните книги. Мирославовото евангелие од XII век е најочуван и најубав примерок на српски илуминиран црковен ракопис. Во XIII век, во времето на готиката и кога се појавуваат првите книги патописи, епика и образовна литература, многу од нив биле украсувани со илуминации. Работилници на Арапи, Персијци, Тураци и Индијци, кои го негувале исламот во XV век и кои биле врвни илуминатори, создале илуминации со минијатури во сини нијанси и со златни украси, кои се сметаат за најубави во светот.

На преминот од XV кон XVI век кога многу книги имале обелег на ренесанса и кога е откриено печатарството, уметноста на илуминација постепено изумира.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди