Илија Петруш Цветковски

(Пренасочено од Илија Цветковски)

Илија Петруш Цветковски (Куманово, 16 февруари 1921 - Сурлица, Трговиште, Србија, 4 јули 1944) — истакнат партизан од НОВ, носител на Споменица на паднатите борци од НОВ.

Споменица на паднатите борци од НОВ

Животопис

уреди

Роден на ден 16.02.1921 година во Куманово во сиромашно земјоделско семејство, основно и средно училиште завршува во Куманово.

Уште во млади години се занимава со повеќе дејности, работи во Ниш, Белград и други градови каде доаѓа во допир со сознанијата за улогата и борбата на работничката класа.

Народноослободителна борба

уреди

Со почнување на Втората светска војна присилно е мобилизиран од бугарската фашистичка војска, меѓутоа при првото отсуство ја користи шансата да избега од окупаторската војска и да се приклучи кон народноослободителната војска на Македонија.

Станува борец на Трета македонска ударна бригада од денот на нејзиното формирање.

Учествува во многу борби против непријателските окупаторски фашистички сили, борбите кај Ристовац и Пробиштип, против Вардарскиот четнички корпус кај Сејац и Ново Село, а учесник е и во познатата Пролетна офанзива 1944 година. Илија Петруш Цветковски е и прв соборец на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош од Куманово.

На 4 јули 1944 година во местото Сурлица-Трговиште, Србија подмолно е убиен од страна на домашен предавник кој се наоѓал во истата единица.

Посмртно е одликуван со Споменица на паднатите борци од НОВ на 29 ноември 1950 година.

Наводи

уреди
  • Спомен зборник 1941-1945 Македонија