Илија Попадинец
Ѓоре Најдоски ( 1918 во Попадија, Велешко — 1944 во Дупјачани, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил работник. Во 1941 година станал член на КПЈ. Поради неговата револуционерна работа бил затворан од бугарските фашисти. Во текот на окупацијата, поточно сè до неговото приклучување кон Народноослободителната војска на Македонија во 1944 година, бил главна врска меѓу позадината и партизанските одреди. Загинал 1944 година во близина на селото Дупјачани, во несреќен случај.[1]