Македонско друштво „Илинден“ - Тирана

(Пренасочено од Илинден (друштво))

Македонското друштво „Илинден“' од Тирана е формирано 6 февруари 2009 во Албанија. Друштвото е формираноод група граѓани со македонско потекло што живеат во главниот град на Албанија и цел на друштвото е заштита на македонското малцинство во Тирана и Голо Брдо.

Лого на здружението.

Цели и задачи уреди

За основни задачи на македонското друштво „Илинден“ се утврдени заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во главниот град на Република Албанија, како и интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на власта во градот Тирана. Претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана е Никола Ѓурѓај.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди