Икона (информатика)
Икона[1] – во компјутерската технологија претставува пиктограм или идеограм на екранот од сметачот со цел да му помогне на корисникот да навигира во сметачкиот систем. Самата икона е брзо разбирлив симбол на софтверска алатка, функција или податотека, достапна во системот и повеќе е слична на сообраќаен знак, отколку детална илустрација на ентитетот што го претставува.[2] Може да служи како електронска поврзница или кратенка за пристап до програма или податоци. Корисникот може да активира икона со помош на глувче, показник, прст или од неодамна говорни команди. Нивната поставеност на екранот, исто така, во однос на другите икони, може да му обезбеди на корисникот дополнителни информации за нивната употреба.[3] Со активирање на икона, корисникот може да пристапи директно во програмата или податотеката без да има потреба да знае поединости за нивната локација или код.
Наводи
уреди- ↑ „икона“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Rosenblatt, Joel (August 7, 2012). „Former Apple Designer Kare Testifies at Samsung Patent Trial“. Businessweek. Bloomberg LP. Посетено на August 7, 2012.
- ↑ „ICT Pictograms, Icons and Symbols, 10 May 2011“.
Надворешни врски
уреди„Икона (информатика)“ на Ризницата ? |
- Icons на Curlie (англиски)
- Save Desktop Icon Position Архивирано на 11 јануари 2021 г.