Загубена комета

(Пренасочено од Изгубена комета)

Загубена комета — комета која не е забележана за време на последениот перихелионски премин. Ова обично се случува кога податоците не се доволни за прецизно да се пресмета местоположбата на кометата или ако пак сончевото издолжување е неповолно во близина на перхелионскиот премин. D/ ознаката се користи за периодична комета која повеќе не постои или се смета дека исчезнала.[1]

Биеловата комета првпат забележена како две парчиња во 1846 година, и повторно не е забележана од 1852 година.

Загубените комети можат да се споредат со загубените астероиди (изгубените ситни планети), иако пресметката на орбитите на кометите се разликува заради негравитационите сили, како што е оддавањето на гасни млазови од јадрото. Некои астрономи специјализираат на оваа гранка, како на пример Брајан Марсден, кој успешно го предвиде враќањето на некогаш загубената периодична Свифт-Татлова комета во 1992 година.

Преглед

уреди
 
5D/Брорсен, која е загубена комета по нејзиното забележување во 1879 година

Загубување

уреди

Постојат голем број на причини зошто може да изостане повторното забележување на кометата од страна на астрономите за време на последователните појави. Прво, орбитите на кометите можно е да се растроени од заемодејството со џиновските планети, како на пример со Јупитер. Ова, заедно со негравитационите сили, може да резултира во промена на датумот на перихелот. Друга причина е можното заемодејство на планетите со кометата, што може да ја оддалечи нејзината орбита премногу далеку од Земјата за да се види или па дури и да ја исфрли од Сончевиот Систем, како што се верува дека се случило со Лекселовта кометата. Бидејќи некои комети периодично се подложни на „изблици“ или зголемување на сјајноста, можно е да се новооткрие комета со слаба сјајност за време на изблик и последователно да постанае загубена комета.

Кометите исто така можат да ги исфрлат сите волатили. Па така евентуално, најголемиот дел од испарливиот материјал што се наоѓа во јадрото на кометата испарува, а кометата станува мала, темна, инертна грутка карпа или збир од карпи,[2] изумрената комета можно е да наликува на астероид (Погледајте Комета и Судбината на кометите ). Се верува дека ваков случај е 5D/Брорсен, за која Марсден верува дека веројатно „избледила“ кон крајот на 19 век.[3]

 
Материјалот што произлегува од компонентата B на 73P/ Швасман-Вахман, при нејзиниот распад во 1995 година, забележано со вселенскиот телескоп Хабл.

Во некои случаи, кометите се распаѓаат за време на нивниот премин низ перихелот или на кој и да е дел од нивната орбита. Најпознат пример е Биеловата комета, која се поделила на две компоненти, пред да исчезне по нејзината поделба во 1852 година. Во современоста, пример за забележан процес на распаѓање е кометата 73P/Швасман-Вахман.

Повторно забележување

уреди

Повремено, откривањето на некое тело е всушност повторно откривање на претходно загубено тело, кое пак може да се утврди со пресметување на неговата орбита и да се утврди совпаѓање на пресметаните местоположби со претходно снимените местоположби. Во случај кога имаме загубени комети ова постанува особено незгодно. На пример, кометата 177P/Барнард (позната и како P/2006 М3), првпат забележана од Едвард Емерсон Барнард на 24 јуни 1889 година, била повторно забележана по 116 години во 2006 година.[4] На 19 јули 2006 година, 177P била на растојание од 0,36 ае од Земјата.[5]

Долгопериодични комети

уреди

Кометите може и да ги снема, но не и да се сметаат за загубени, иако можеби не се очекувани повторно да се појават по стотици, па дури и илјадници години. Со помоќните телескопи, постои можност да се набудуваат долгопериодичните комети во периодот по перихелот. На пример, Хејл-Боповата комета била набудувана со голо око околу 18 месеци по нејзиното приближување во 1997 година.[6] Се очекува можноста за нејзиното набљудување со големите телескопи да биде можна сè до 2020 година, период во кој ќе биде со величина 30.[7]

Кометите што се загубени или исчезнати имаат имиња кои започнуваат со D, што е според моменталните конвенции на МАУ.

Список

уреди

Кометите обично се забележуваат при периодичното враќање. Кога ќе ги снема, постои можност повторно да бидат забележани, додека во други случаи можно е да дојде распад на кометата. Овие делови понекогаш можат дополнително да се забележат, но се очекува дека кометата повторно нема да биде забележана. Во други случаи, кометата нема да се смета за загубена, сè додека не се појави во предвиденото време. Кометите исто така може да се судрат и со друго тело, како што е кометата Шумејкер-Леви 9, кој се судри со Јупитер во 1994 година.

Име (Ознака) Првично забележана Период (години) Последен пат забележана Повторно забележување Fate
D/1770 L1 (Лекселова) 1770 5,6 Најверојатно загубена поради блиска средба со Јупитер во 1779 година. Поради ова значајно и е изменета орбитата или пак е исфрлена од Сончевиот Систем. Астероидот(529688) 2010 JL33 е инертниот остаток.
3D/Биела 1772 6,6 1852 Се распаднала на два дела (1846), а подоцна и на илијадници, создавајќи го Андромедидниот метеорски дожд
27P/Кромелин 1818 27,9 1873 1928 Три независни забележувања кои ги поврзал Кромелин во 1930 година.
289P/Бланпејн 1819 5,2 2003 Загубена во 1819 година поради слабата сјајност; повторно забележана во 2003 година поради поволните услови за набљудување; првично заведена како астероидот 2003 WY25, последователно е утврдено дека станува збор за комета од 1819 година која е повторно забележана по 184 години и 35 орбити; потврдено со набљудувањата од 2013 и 2014 година при перихел; можен извор на Феникидниот метеорски дожд кој се набљудува од 1956 година.
273P/Понс-Гамбарт 1827 180 2012 Период од околу 64±10 години пресметките од 1917 година биле погрешни; повторно забележана по 185 годиниво единствена орбита; можно е да е истата комета која била забележана во 1110 година од кинеските астрономи
54P/де Вико–Свифт–НЕАТ 1844 7,3 1894, 1965 2002 Загубена неколкупати поради растројувањата ппредизвикани од Јупитер
122P/де Вико 1846 74,4 1995 Не е забележана на првото предвидување во 1921 година; повторно е забележана во 1995 година по 149 години и 2 орбити.
5D/Брорсен 1846 5,5 1879 Загубена во 1879 година и покрај добрите пресметки.
80P/Питерс–Хартли 1846 8,1 1982 Повторно забележана во 1982 година по 136 години и 17 орбити; редовно може да се набљудува
20D/Вестфал 1852 61,9 1913 Очекувана во 1976 година;можност повторно да се набљудува во 2038 година
109P/Свифт-Татл 1862 133,3 1992 Повторно забележена по 130 години, како што предвидел во 1971 година Брајан Марсден; се верува дека е истата комета набљудувана во Европа во 1737 година и во 188 година и 68 година п.н.е. во Кина; извор на Персеидскиот метеорски дожд
55P/Темпел-Татл 1865 33,2 1965 Повторно забележана во 1965 година по 99 години и 3 орбити; најверојатно забележана и во 1366 и 1699 година; извор на Леонидскиот метеорски дожд
11P/Темпел-Свифт-ЛИНЕАР 1869 6,4 1908 2001 Повторно забележана во 2001 година по 93 години и 15 орбити; не е забележана во 2008 година поради сончево врзување, но повторно е забележана во 2014 година.
72P/Денинг-Фуџикава 1881 9,0 1978 2014 Повторно забележана во 1978 година по 97 години и 11 орбити, повторно загубена но забележана во 2014 година по 4 орбити
15P/Финлеј 1886 6,5 1926 1953 Редовно се набљудува по 1953 година
177P/Барнард 1889 118,8 2006 Повторно забележана по 117 години[4] во единечна орбита
206P/Барнард-Боатини 1892 5,8 2008 Повторно забележана во 2008 година по 116 години и 20 орбити; не е забележана при предвидениот перихел во 2014 година; следниот перихел е во 2021 година
17P/Холмс 1892 6,9 1906 1964 Редовно се набљудува по 1964 година; голем изблик во 2007 година
205P/Џијакобини (D/1896 R2) 1896 6,7 2008 Повторно забележана во 2008 година по 112 години и 17 орбити; забележана во 2015 година според предвидувањата; Забележани се три компоненти
18D/Перин-Мркос 1896 6,75 1909, 1968 1955 Загубена во 1909 година, повторно забележана во 1955 година и е загубена по 1968 година
113P/Спиталер 1890 7,1 1993 Повторно забележана во 1993 година по 103 години и 15 орбити; редовно се набљудува по перихелот од 1994 година
97P/Меткалф-Брувингтон 1906 10,5 1991 Повторно забележана во 1991 година по 84 години и 11 орбити; орбиталниот период е издолжен од Јупитер во 1993 година.
69P/Тејлор 1915 6,95 1976 Повторно забележана во 1976 година по 61 година и 9 орбити; редовно е набљудувана по перихелот во 1977 година
25D/Неујмин 1916 5,4 1927 Забележана е само двапати; загубена е од 1927 година
34D/Гејл 1927 11,0 1938 Забележана е само двапати; загубена е од 1938 година
73P/Швасман-Вахман 1930 5,4 1979 Се раздробила на 4 делови во 1995 година и на дузина во 2006 година, при што станува извор на Тау Херкулидниот метеорски дожд.
57P/ду Тојт-Неујмин-Делпорт 1941 6,4 1970 Повторно забележана во 1970 година по 29 години и 5 орбити; редовно се набљудува од 1983 година.
107P/Вилсон-Харингтон 1949 4,3 1992 Загубена 30 години; повторно е забележана како астероид пресекувач на орбитата на Марс во 1979 година; поистоветен со загубената во 1992 година во периодот кога се правени предоткривачки слики
271P/ван Хаутен-Лемон 1966 18,5 2012 Првпат забележана на снимки од 1960 година; повторно забележана во 2012 година по 3 орбити; перихел во 2013 година.
85D/Ботин 1975 11,2 1986 Набљудувана е само двапати; загубена е од 1986 година (очекувана во 1997 и 2008 но не е набљудувана), официјално е прогласена за загубена во 2017 година.[8]
75D/Кохоутек 1975 6,6 1988 Набљудуване е трипати; загубена од 1988 година.
157P/Тритон 1978 6,4 2003 Повторно забележана во 2003 година по 25 години и 4 орбити; редовно се набљудува оттогаш.
83D/Расел 1979 6,1 1985 Набљудувана е само двапати; загубена од 1985 година, најверојатно поради блиска средба со Јупитер во 1988 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Cometary Designation System“. Minor Planet Center. Посетено на 2015-06-17.
  2. "If comets melt, why do they seem to last for long periods of time?", Scientific American, November 16, 1998
  3. Kronk, G. W.5D/Brorsen, Cometography.com
  4. 4,0 4,1 Naoyuki Kurita. „Comet Barnard 2 on Aug 4, 2006“. Stellar Scenes. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2006-09-01.
  5. „177P/Barnard“. Kazuo Kinoshita. 2006-11-18. Посетено на 2007-01-06.
  6. Kidger, M.R.; Hurst, G; James, N. (2004). „The Visual Light Curve Of C/1995 O1 (Hale–Bopp) From Discovery To Late 1997“. Earth, Moon, and Planets. 78 (1–3): 169–177. Bibcode:1997EM&P...78..169K. doi:10.1023/A:1006228113533.
  7. West, Richard M. (February 7, 1997). „Comet Hale–Bopp (February 7, 1997)“. European Southern Observatory. Архивирано од изворникот на August 20, 2011. Посетено на 2008-11-01.
  8. MPC 104935

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Comets