Изгрејсонце (расказ)

Изгрејсонце е расказ од канадската писателка Маргарет Етвуд. Расказот е објавен на македонски јазик во два наврати, од страна на издавачката куќа Темплум: еднаш во 2005 година, во збирката раскази на Маргарет Етвуд, со наслов „Пролетната песна на жабите“, а потоа и во 2011 година, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Владимир Јанковски.

Содржина уреди

Ивон е млада сликарка, која живее под кирија на едно поткровје. Таа има навика да следи мажи, нудејќи им да ги наслика. Повеќето од нив прифаќаат, а некои дури и предлагаат да водат љубов. Одвреме-навреме, таа се среќава со своите поранешни момчиња, кои повеќе не ја интересираат. Во својата соба, таа чува апчиња и жилет, кои и се потребни ако некогаш одлучи да изврши самоубиство. Еднаш, таа му приоѓа на едно момче, кое е уметник како неа, го носи во својот стан, каде по сликањето на неговиот портрет, тие водат љубов. Во текот на многу години, секое утро, Ивон станува рано за да го фати изгрејсонцето.[1] [2]

Наводи уреди

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 266-294.
  2. Маргарет Етвуд, Пролетната песна на жабите, Темплум, Скопје, 2005, стр. 7-34.