Иго III Кипарски (1235 - 24 март 1284), роден како Иго од Поатје, подоцна Иго Лизињански (го прифатил мајчиното презиме Лизињански (Де Лусињан) во 1267 година), наречен Велики, ― крал на Кипар од 1267 и крал на Ерусалим од 1268 (како Иго I Ерусалимски). Тој бил син на Анри Антиохиски и Изабел Лизињанска, ќерка на кипарскиот крал Иго Први.[1] Тој бил внук на Боемунд IV Антиохиски, а со тоа и потомок на Роберт Гвискард.

Иго (III)
Крал на Ерусалим
На престол1268–1284
ПретходникКонрадин
НаследникЖан II
Крал на Кипар
На престол1267–1284
ПретходникИго II
НаследникЖан I
Роден(а)1235
Починал(а)24 март 1284(1284-03-24) (возр. 48–49)
СопружникИзабела Ибелинска
ДецаЖан I Кипарски
Боемунд
Анри II Кипарски
Амалрик
Мари
Емери
Ги
Маргарет
Алис
Елвис
Изабела
ДинастијаЛизињанци
ТаткоАнри Антиохиски
МајкаИзабел Лизињанска

Регент

уреди

Од 1261 година тој служел како регент за Иго II Кипарски во Кипар, бидејќи Високиот двор во Кипар го сметал за маж за подобар регент од неговата мајка Изабела. Меѓутоа, таа била прифатена како ерусалимски регент во 1263 година. Починала во 1264 година, а Иго станал вршител на должноста регент на Ерусалимското Кралство, како и на Кипар. Регентството било оспорено од неговиот прв братучед Иго Бриенски, кој бил син на Мари Кипарска, најстарата ќерка на Иго I и оттаму постар наследник на Кипар, и наследник на Ерусалим по Иго II. Како и да е, Високиот ерусалимски двор го прогласил Иго Антиохиски за следен регент, за наследник на Изабела преку крвната блискост.

Крал на Кипар

уреди

Иго II починал во 1267 година без наследници. Бидејќи Иго Бриенски не го покренал своето барање за престолот, Иго Антиохиски наследил на 5 декември како неоспорен крал на Кипар и бил крунисан во Света Софија, во Никозија, на 24 декември. Тој го барал и Ерусалимското Кралство во 1267 или 1268 година по погубувањето на Конрадин. Сепак, престолот на Ерусалим го барала и Мари Антиохијска преку крвна блискот до Конрадин. Ерусалимскиот висок двор го отфрлил нејзиното барање и Иго бил крунисан за крал на Ерусалим во Тир на 24 септември 1269 година.

Иго и неговите потомци, кипарските кралеви, го презеле мајчиното презиме Лизињански во 1267 година, откако го наследија Кипар преку тоа семејство, со што била воспоставена Втората куќа на Лизињанците.

Иго не сакал да се занимава со разни поделби во Ерусалимското Кралство и заминал во Кипар во 1276 година како згрозен од нивниот пркос кон неговиот авторитет. Следната година, неговиот раководител (бајлиф), Балијан Ибелински, арсуфски господар, бил исфрлен од Роже Сансеверински, раководителот на Карло Анжујски, кој го купил престолничкото барање на Марија Антиохиски. Кралството останало под анжевинска контрола до крајот на владеењето на Иго.

Се претпоставува дека делото на Тома Аквински, „За кралството“ било напишано за Иго III.

Тој бил погребан во Света Софија, во Никозија.

Семејство

уреди

Тој се оженил по 23 јануари 1255 година со Изабела Ибелинска (околу 1241 година - 2 јуни 1324 година).[2] Тие имле:

  • Жан II и I (починал во 1285 година) кој го наследил како крал на Ерусалим и Кипар[2]
  • Боемунд (околу 1268 година - Тир, 3 ноември 1281 година,[2] погребан во Францисканската црква во Никозија)
  • Анри II Кипарски (1271 - 31 август 1324), кој го наследил Жан I како крал, се оженил со Констанца Арагонска[2]
  • Амалрик II, тирски принц (починал на 5 јуни 1310 година), ерусалимски управник, се оженил со Изабела Ерменска[2]
  • Мари (1273 година - септември 1322 година во Тортоза и погребана во Барселона) која била омажема со посредници во Света Софија, Никозија на 15 јуни 1315 година и лично во Жирона на 27 ноември 1315 година Жауме II Арагонски (10 август 1267 - 2 ноември 1327 година)[2]
  • Eмери (1274–1280 - непосредно пред 9 април 1316),[2] наследил Ги како управник на Кипар во 1303 година, за кратко го наследил Амалрик како регент на Кипар и гувернер на Кипар на 6 јуни 1310 година
  • Ги (1275-1280–1303, веројатно закопан во Никозија), кипарски управник ок. 1291 година, оженет на 7 декември 1291 година Ескива Ибелинска, бејрутска дама (1253–1312),[2]
  • Маргарет (околу 1276 година - во Ерменија, 1296 година), која се омажила за 9 јануари 1288 година, со Торос III Ерменски[2]
  • Алис (1277–1280 - по март 1324), се омажила за 1292–1295 или ок. 1292/1294 Балијан Ибелински (починал 1315/1316 во Керинија, непосредно пред 19 април 1316),[2] Титуларен принц на Галилеја и Витлеем, син на Филип Ибелински (починал во 1304)
  • Елвис (починал по март 1324 година),[2]
  • Изабела (околу 1280-1319),[2] биле оженета прво во 1285/1290 година со Константин Етумид Негирски, лорд на Парцерперт (починал во 1308 година) и вторпат ок. 1310 година со кралот Ошин Етумид Ерменски, кој се развел од неа пред или во 1316 година.

Наводи

уреди
  1. Baldwin 2014.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Edbury 1994.

Извори

уреди
  • Baldwin, Philip Bruce (2014). Pope Gregory X and the Crusades. The Boydell Press.
  • Edbury, Peter W. (1994). The Kingdom of Cyprus and the Crusades, 1191-1374. Cambridge University Press.
Претходник
Иго II
Крал на Кипар
1267–1284
Наследник
Жан I/II
Претходник
Конрадин
Крал на Ерусалим
1268–1284