Жан II Ерусалимски
Жан II Ерусалимски (1259 или околу 1267 – 20 мај 1285 година во Никозија) ― најстариот син на Иго III Кипарски и Изабела Ибелинска. Тој го наследил својот татко како крал на Кипар (како Жан I) на 24 март и бил крунисан во Свеата Софија, Никозија на 11 мај 1284 година. На неговото наследување како крал на Ерусалим се спротивставил Карло I Неаполски, кој исто така го нарушил наследството на неговиот татко. Жан починал следната година на 20 мај, никогаш не се оженил и не оставил деца. Тој бил погребан во црквата Свети Димитрија или според некои Свтеа Софија, во Никозија. Според некои автори тој бил отруен од неговите браќа, од кои едниот, Анри II, го наследил во Кипар и Ерусалим.
Жан I/II | |
---|---|
Крал на Ерусалим и Кипар | |
На престол | 1284–1285 |
Наследник | Анри II |
Роден(а) | 1259/67 |
Починал(а) | 1285 |
Династија | Лизињанци |
Татко | Иго III Кипарски |
Мајка | Изабела Ибелинска |
Претходник Иго III/I |
Крал на Кипар 1284–1285 |
Наследник Анри II |
Крал на Ерусалим 1284–1285 |