Игнаси Лукасиевич

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Предлошка:Biogram infobox

Споменикот на Лукасиевич во Горлице на ул. Кошќушко
Комеморативна плоча во Јасло
Првата улична керозинска светилка во светот, во градот Горлице

Игнаси Лукасиевич (роден на 8 март [1] [2] или на 23 март [3] 1822 година во Задушники, починал на 7 јануари 1882 година во Хоркувка ) — полски фармацевт и претприемач, основач на првиот светски рудник за нафта, откривач на керозинската ламба, пионер на нафтената индустрија во Европа, револуционер и активист за независност. Потекнувал од сиромашно, но благородничко семејство ,од родот на Лада [uwaga 1] .

Тој бил првиот во светот кој ги искористил придобивките од суровата нафта во индустриски размери. Многу ефикасен организатор, кој со текот на времето заработил големо богатство на нафтата. Активен учесник во општествениот живот. Пропагирал формирање на судови, изградба на патишта и мостови, училишта, болници итн., финансирајќи многу иницијативи и од свој џеб. Се борел против сиромаштијата и алкохолизмот во регионот, создавал фондови за помош како и пензиски фондови. Се трудел да ја развива нафтената индустрија, не фокусирајќи ја само на кон себе, туку убедувајќи и помагајќи други да создадат свои претпријатија. Бил член на галицискиот Сејм во четвртиот мандат (1877–1882).

Биографија

уреди

Игнаси Лукасиевич е роден во 1822 година во Задушники ( област Миелецки ), во благородно семејство на интелигенција со ерменско потекло [4] . Неговиот татко бил Јозеф Лукасиевич (роден  1836) - сопственик на фарма и војник на Тадеуш Кошќушко, а неговата мајка – Аполонија од семејството Свиетликов. Имал четири браќа и сестри: Марија, Емилија, Александар и Франциц. Во 1830 година, семејството Лукасиевич се преселило во Жешов . Во периодот  1832–1836 година, Игнаси учел во гимназија во Жешов, каде завршил 4 паралелки. Во ова училиште тој учел латински и германски јазик. Лошата финансиска состојба на семејството не му овозможила понатамошно образование и го принудила да започне предвреме да работи, но познавањето на овие јазици му го олеснило подоцнежното образование. Во периодот  1836–1840 година работел како чирак во аптеката на Антони Свобода во Ланцут. Тоа за него не претставувала само работа, туку пред се продолжение на неговите студии по хемија и фармација. Во тоа време започнуваат и неговите активности во демократските и народноослободителни организации, поради што Лукасиевич бил регистриран од австриските власти како политички осомничен граѓанин. Во 1840 година го положил стручениот испитот и бил унапреден во асистент на аптекар. Следните 6 години работел во Жешов како асистент во аптеката во Едвард Хубел и постојано го надградувал своето образование во фармацијата. Во тој период  паралелно бил активен во движењето за независноста на Полска. Во 1845 година се запознал со Едвард Дембовски и положил заклетва како агент на Централизацијата на полското демократско општество во Жешов - тоа била организација од слична природа на претходните, но овој пат Лукасиевич бил многу поактивен. На 19 февруари 1846 година бил уапсен заедно со неговите соработници. Апсењето го спречило избувнувањето на востанието во Жешов (види: Краковско востание ). Потоа се преселил во Лавов . Ослободен бил од затвор на 27 декември 1847 година, поради недостаток на докази. Сепак, тој постојано бил под полициски надзор и му било забрането да го напушти Лавов, со што ми било оневозможило да ја продолжи својата активност во организацијата. Во август 1848 година започнал со работа во аптеката „Под златната ѕвезда“, која била во сопственост на Пјотр Миколаш . Благодарение на неговото посредување, му било дозволено да го напушти градот и ги започнал студиите на Јагелонскиот универзитет, каде што ги положил сите испити освен фармакогнозијата, што го спречило да добие диплома. Магистрирал фармација на Универзитетот во Виена на 30 јули 1852 година.

 
Внатрешноста на аптеката на Миколаш во Лавов, каде што работел Игнаси Лукасиевич

Се вратил во Лавов за да продолжи да работи во аптеката на Миколаш каде заедно својот помошник, Јан Зех, во аптекарската лабораторијата спроведувал истражувања за дестилација на суровата нафта. Со текот на времето, Миколаш се откажува од истражувањета, не гледајќи практична употреба на новите дестилати во фармацевската индустрија. На почетокот на 1853 година, Лукасиевич и Јан Зех со методот на фракциона дестилација добиле керозин. Подоцна, Лукасиевич се обидел да најде практична примена на керозинот. Дотогаш користените маслени светилки не биле погодни за керозин и морало да бидат редизајнирани. Првата светилка конструирана од Лукасиевич го осветлувала излогот на аптеката. А 31 јули 1853 година е симболичен, официјален датум на полеток на нафтената индустрија во Полска. Керозинското осветлувањето било употребено во пракса за прв пат за време на итна ноќна операција во општата болница во областа Личакив во Лавов. На почетокот на 1854 година, Лукасиевич се преселил во Горлице за да биде поблиску до областите каде што се произведува нафта. Таа година, во областа Завоџие во Горлице, на раскрсницата на улиците Вегиерска и Кошќушки, била запалена првата улична керозинска светилка во светот. Експлоатацијата на нафта, не била новост, но се користела за различни економски цели, како лек за говеда или лубрикант. Лукасиевич започнал со работа во локалната аптека на Јан Томашевич. Во исто време, започнал да ги основа првите компании и рудници за нафта со локалните сопственици на областите за производство на нафта, кои биле основани во следниот период во областа Горлице, Јасло и Кросно . Истата година го отворил и првиот рудник за нафта во светот во Бобрка кај Кросно (нафтена компанија Тржециски-Љукасиевич), а рудникот е активен и до денес. Во 1857 година основал рафинерија во Клечани во близина на Нови Сач. Од добиената нафта на ова место произведувал керозин, лубриканти, масла за подмачкување и асфалт. Една година подоцна се населил во Јасло, каде што отворил аптека на плоштадот. 1859 година била трагична во животот на Лукасиевич поради смртта на неговата ќерка Маријана. Истата годината повторно се преселил, овој пат во Поланка кај Кросно, каде на местото на изгорената рафинеријата, отворил нова. По избувнувањето на Јануарското востание финансиски ги поддржувал, а подоцна им помагал на бегалците по востанието. Во 1865 година го купил селото Чорковка и соседната фарма Лешниовка, во близина на Кросно, каде што основал модерна рафинерија.

 
Гробот на Хонората и Игнаси Лукасиевич на гробиштата во Зречин

Во периодот помеѓу 1868–1881 година, Лукасиевич поттикнува основање на неколку рудници за керозин во Бескид Дукиелски (Ропјанка, Вилснија, Смеречне) и во Горлице (Ропа, Војтова), во Бобрка отворил бања за капење со јод и бром. Заедно со неговиот партнер Клобаса, изградиле црква во неоготски стил, за локалното население на Чорковка и Зречин (во близина на Чорковка). Во меѓувреме, во 1873 година, папата Пие IX му ја доделил титулата почесен Папски Дворјанин за неговите добротворни активности и му доделил Орден Св. Григориј . Во 1877 година организирал нафтен конгрес во Лавов и го основал Националното нафтено друштво во Горлице . Во периодот 1880–1881 бил првиот претседател на Друштвото [5]. На крајот од својот живот бил избран за член на Галицискиот Сејм (парламент) . Починал на 7 јануари 1882 година како последица на тешка пневмонија. Погребан бил на гробиштата во Зречин .

Семејство

уреди

На 20 април 1857 година, во Горлице, тој се оженил со својата внука Хонората Стачерска (1837–1897), која била 15 години помлада од него. Таа ќерка на Ернест Леополд Дидак и Емилија, која била помлада сестра на Лукасиевич. . Тие имале само една ќерка, Маријана (1 февруари 1858 – 7 декември 1859 година) [6] .

Комеморација

уреди

За време на својот живот добил почесни државјанства на градовите Јасло (1861) и Кросно [7], а во 1878 година во негова чест бил излеан бронзен медал [8] [9] .

Во Бобрка ( во близина на кросно ) се наоѓа Музејот на индустријата со нафта и гас именуван по Игнаси Лукасиевич [10]

Во 1974 година, Технолошкиот универзитет во Жешов бил именуван по Игнаси Лукасиевич [11] .

 
Монета со ликот на Лукасиевич

Во 1983 година била пуштена во оптек монета со ликот на Игнаси Лукасиевич на задната страна, со номинална вредност од 50 злоти, дизајнирана од Ана Јарнушкевич и Станислава Ватробска-Фринд [12] со тираж од 611700 парчиња [13] . Во 2003 година, ликот на Лукасиевич (дизајниран од Р. Новаковска) бил повторно прикажан на монети, овој пат на колекционерски монети: од злато и сребро по повод „150-годишнината на индустријата за нафта и гас“ со тираж од 2.100 и 43000 парчиња. Освен портретот на Лукасиевич, на нив бил запишан и датумот „31 VII 1853“ [14] [15] . Во истата серија биле издадени 600.000 примероци на монети со номинална вредност од 2 злоти изработени од нордиско злато (легура на бакар, алуминиум, цинк и калај) [16], на кои е прикажан ликот на Лукасиевич, керозинска ламба и рафинерија [8] . Во 2022 година, била издадена сребрена монета од 10 злоти со тежина од 31,1 g со портрет на Лукасиевич, рудникот во Бобрка и неговата светилка. Дизајнот на монетата е на Доброчка Сурајевска [8] . Во 1996 година била објавена колекционерска банкнота со ликот на Лукасиевич [8] . Во 1982 година била издадена поштенска марка во чест на 100-годишнината од смртта на Лукасиевич. А во 2022 година Полска Пошта издала уште една поштенска марка, со вредност од 11,5 злоти ликот на Лукасиевич со тираж од 600000 [17]

Лични предмети на Игнаси Лукасиевич и копија од прототипот на керозинската ламба, заедно со една од највредните колекции на керозински светилки во Европа и се наоѓаат во Музејот Подкарпацкие во Кросно .

Лукасиевич е патрон на бројни училишта, универзитети, институции, улици, плоштади итн. На многу места низ Полска има негови споменици и спомен-плочи.

Во 2009 година бил снимен телевизиски документарен филм за Лукасиевич, насловен Осветли ја темнината .

На 22 април 2015 година, во Лацут, улицата помеѓу плоштадот и улицата Валова, каде што се наоѓала аптеката на Игнаси Лукасиевич, била именувана по Лукасиевич и Зеха [18] .


Од 28 август 2020 година, мостот над реката Јасиолка во Швиерзова го носи името на Игнаси Лукасиевич [19] .

Со резолуцијата на Сејмот на Република Полска од 29 октомври 2021 година и со резолуцијата на Сенатот на Република Полска од 26 ноември 2021 година , Игнаси Лукасиевич е прогласен за патрон на 2022 година. Било издадено посебно издание на Сејмската хроника посветено на покровители на 2022 година [20] .

На 24 јуни 2022 година, Игнаси Лукасиевич бил назначен за патрон на основното училиште бр. 7 во Милец [21] .

Фусноти

уреди
  1. Janina Chodera, Feliks Kiryk, уред. (2005), Słownik biograficzny historii Polski, T–Ż (1. изд.), Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich, ISBN 8304048574, OCLC 68099997
  2. Ignacy (Jan Józef Ignacy) Łukasiewicz
  3. Jan Dębski, Ignacy Łukasiewicz, Ludowa Spółdzielnia Wydawnicza, Warszawa 1955.
  4. Biogram Ignacego Łukasiewicza w portalu Wiki.Ormianie.
  5. Ignacy Łukasiewicz: Prometeusz na ludzką miarę. Warszawa: PIW. стр. 79–80. ISBN 9788381963510.
  6. Życie i działalność Ignacego Łukasiewicza na tle początków światowego i jasielskiego przemysłu naftowego. (PDF), 2011, стр. 7–28 Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  7. Honorowi Obywatele Miasta. Ignacy Łukasiewicz, Архивирано од изворникот на 2019-09-25, Посетено на 2022-12-09
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Kalwat W., 2022: Łukasiewicz i monety. Mówią wieki, 9/2022, s. 54.
  9. Liana K., 2022: O ropie nad Ropą. Mówią wieki, 9/2022, s. 62.
  10. Muzeum Przemysłu Naftowego i Gazowniczego im. Ignacego Łukasiewicza
  11. Rozporządzenie Rady Ministrów z dnia 19 września 1974 r. w sprawie przekształcenia Wyższej Szkoły Inżynierskiej w Rzeszowie w Politechnikę Rzeszowską imienia Ignacego Łukasiewicza ({{{title}}}, Dz. U. z {{{year}}} r. poz. {{{number}}} ).
  12. 50 złotych 1983 Ignacy Łukasiewicz – monety Polski (PRL)
  13. Ignacy Łukasiewicz 1822 – 1882
  14. 150 – lecie narodzin przemysłu naftowego i gazowniczego
  15. 150 – lecie narodzin przemysłu naftowego i gazowniczego
  16. Strona NBP .
  17. Strona Poczty Polskiej .
  18. Łańcut, uL. Łukasiewicza i Zeha – nowa nazwa ulicy na str.http://www.lancut.pl/ [dostęp 2015-04-23].
  19. Most w Świerzowej Polskiej ma swojego patrona
  20. Kronika Sejmowa 37 (942) (PDF)
  21. Ignacy Łukasiewicz patronem Szkoły Podstawowej nr 7 w Mielcu (полски) Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)

Библиографија

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „uwaga“, но нема соодветна ознака <references group="uwaga"/>.