Ивица Џикиќ е босански писател и новинар. Роден е во 1977 година во Томиславград, СР Босна и Херцеговина, Југославија.

Ивица Џикиќ
Роден/а1977
Томиславград, СФР Босна и Херцеговина, СФРЈ
ЗанимањеПисател, новинар
ЈазикХрватски
НационалностБосна и Херцеговина
ЖанрРомани
Значајни делаЦиркус Колумбија
Значајни наградиНаграда Меша Селимовиќ

Кариера

уреди

Новинарска кариера

уреди

Работел како новинар во неколку хрватски весници, а најголемо влијание оставил на крајно левиот весник Ферал Трибјун од Сплит каде што работел во 1996 година. Како новинар почнал да работи од своите 16 години, бил активен и во Слободна Далмација. Од 2001 година уредувал неколку хрватски списанија како „Нови лист“.

Писателска кариера

уреди

Својот прв роман го објавил во 2003 година, наречен Циркус Колумбија, во издание на Ферал Трибјун. За овој роман бил награден и со наградата Меша Селимовиќ. Филмот Циркус Колумбија од 2010 година бил заснован на неговиот роман. Дејствието на романот бил во родниот град на писателот Томиславград, мал град во Херцеговина на почетокот на 1990-тите, непосредно пред војната во Босна. Во 2004 година Џикиќ објавил политичка биографија на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ по име Домовински обрат (англиски: Homeland reversal), во издание на ВБЗ од Загреб. Во 2007 година Џикиќ го напишал својот втор роман наречен Ништа слезове боје), објавена од Ферал Трибјун. Овој нов роман бил составен од три приказни, Зелен дворец (англиски: Green Castle), Пробај да заспиеш, те молам (англиски: Please, Try to Sleep) и Како ништо да не било (англиски: Like Nothing Happened). Тој бил и главен писател на телевизиската серија Новине.[1]

Наводи

уреди
  1. „HRT: HRT prikazuje“.

Надворешни врски

уреди