Ивановото детство

Ивановото детство (руски: Иваново детство) советски филм од 1962 година во режија на Андреј Тарковски (неговото прво остварување). Автори на сценариото се Владимир Богомолов и Михаил Папава, а главните улоги ги толкуваат: Николај Бурљаев, Валентин Зубков, Евгениј Зариков, Степан Крилов, Валентина Малјавина, Ирина Тарковска, Николај Гринко, Андреј Кончаловски итн. Филмот, кој е снимен во црно-бела техника е снимен според расказот „Иван“ на Владимир Богомолов. Во 1962 година, филмот ја освоил наградата „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал.[1]

Серија гравури „Апокалипса“ од Албрехт Дирер, 1496-1498

Содржина

уреди

Детството на Иван (го игра Бурљаев) е грубо прекинато од Втората светска војна. Неговите родители загинале, а тој не сака да оди во дом за сираци. Истовремено, Иван е обземен од омраза кон нацистичкиот окупатор и сака да даде свој придонес во борбата против него. Затоа, тој ѝ дава информации на Црвената армија за движењето на германската војска при што често го доведува во опасност својот живот. Еднаш, навечер, тој ја препливува реката и доаѓа со важни информации во редовите на Црвената армија. Таму го дочекува младиот офицер Галцев (го игра Зариков), кој не верува во зборовите на Иван, но за брзо време се уверува во бестрашноста на момчето.
Тој, офицерот Холин (го игра Зубков) и војникот Катасонов (го игра Крилов) се многу загрижени за животот на Иван, но тој не сака да го прифати предлогот да се запише во военото школо. Додека траат борбените дејства, Иван се сеќава на безгрижните денови пред војната, на игрите со другарчињата и на својата мајка (ја игра Тарковскаја). Пред почетокот на офанзивата, Холин и Галцев го пренесуваат Иван преку реката, на територијата што ја контролира окупаторот. По завршувањето на војната, Галцев ги прегледува документите што зад себе ги оставиле нацистите и дознава дека Иван бил обесен.[2]

Наводи

уреди