Меѓународен олимписки комитет

(Пренасочено од ИОК)

Меѓународен олимписки комитет (МОК) (француски: Comité international olympique, англиски: International Olympic Committee) — организација со седиште во Лозана, Швајцарија основана од Пјер де Кубертен во 1894 г., со цел преку Олимписките игри да се промовира меѓународниот спорт и мирот во светот. Денес МОК има 205 членки - национални олимписки комитети кои ги претставуваат своите земји во Движењето.

Меѓународен Олимписки Комитет
Знаме на МОК
КратенкаМОК
Основана23 јуни 1894
ВидДвижење
ЦелПромоција на олимпизмот ширум светот и водство на олимпиското движење.
СедиштеЛозана, Швајцарија
Членство205 национални олимписки комитети
Службени јазицифранцуски, англиски
ПретседателТомас Бах
Мреж. местоolympic.org
Седиштето на МОК во Лозана, Швајцарија, во март 2004 година

МОК ги организира модерните Олимписките игри во лето и во зима, на секои четири години. Првите Летни олимписки игри се одржале во Атина во 1896 г., а првите Зимски олимписки игри се одржале во Шамони во 1924 г. Од 1992 г., летните и зимските игри се одржуваат наизменично на 2 години.

Поврзано

уреди