Зоран Рајовиќ
Зоран Рајовиќ (роден на 28 октомври 1979 година) бил поранешен професионален српски фудбалер кој настапувал на позицијата напаѓач. Моментално ја извршува функцијата како главен тренер на екипата на Српски бели орли во Канадската фудбалска лига.
Клупска кариера
уредиРоден бил во Винковци, СР Хрватска, СФР Југославија. Рајовиќ на рана возраст се преселил во екипата на Војводина. Тој подоцна бил испратен како позајмен играч во составот на Врбас и тоа во два наврати.[1] Во летото 1999 година, Рајовиќ се преселил во Бугарија и се приклучил на екипата на Берое од Стара Загора. За клубот од Стара Загора постигнал четири голови во лигата на вкупно 19 натпревари. На крајот на сезоната екипата успеала да избегне преселба во пониската лига, односно успеала да избори опстанок.[2] Во 2001 година, тој настапувал во Азија во екипата на ФК Далиан Шиде, во кинеската Супер лига.[3] По една сезона во Источна Азија се вратил назад во Првата лига на СР Југославија односно во составот на ФК Војводина. Во 2002 година, Рајовиќ настапувал во Премиер лигата на Босна и Херцеговина и останал запаметен по неговото време минато со екипите на Гласинац од Соколац и Зрињски од Мостар (во два периода). Со составот на Зрински тој бил најдобар стрелец во Премиер лигата во сезоната 2004-2005 со вкупно 17 постигнати голови.[4][5][6]
Во 2005 година, Рајовиќ настапувал во израелската Премиер лига, поточно во составите на ФК Ашдод и ФК Хапоел Кфар Саба.[7] Во 2006 година се вратил во Европа за да игра во фудбалската лига на Грција со екипата на ФК Етникос Пиреус. Подоцна во 2007 година се вратил во клубот на Зрињски од Мостар.[8] За време на неговиот втор престој во Зрињски, тој настапил и во Купот на УЕФА 2007-08 против екипите на ФК Партизан и ФК Работнички.[9] Во 2008 година поминал извесен период во српската Суперлига во составот на Хајдук од Кула. Во 2009 година бил во екипата на Олимпик од Сараево.[10][11] Во наредниот период бил ангажиран во составите на Фк Дијагорас, ФК Леотар и ФК Рудар од Приједор.[12][13]
Во 2011 година, Рајовиќ се вратил во Азија за да настапува во екипата на ФК БЕЦ Теро Сасана во тајландската Премиер лига и во Националната лига на Мјанмар со клубот на ФК Јаданарбон.[14][15][16] Во 2012 година, Рајовиќ настапувал во Канадската фудбалска лига со екипата на Српски бели орли, постигнувајќи 18 голови на 22 одиграни натпревари.[17][18] Пред да се повлече од професоналното играње на фудбал, Рајовиќ настапувал за екипите на Модрича, Орашје (двапати) и Младост Антин.[19] Во 2018 година, тој се вратил во Канадската фудбалска лига за да стане и играч-тренер во составот на Скарборо СЦ.[20][21]
Репрезентација
уредиНа репрезентативно ниво, Рајовиќ бил ограничен за репрезентацијата на СР Југославија на ниво до 18 години.[22] Тој, исто така, имал настапувано на два неофицијални натпревари за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Тренерска кариера
уредиВо 2018 година, тој бил назначен за играч-тренер во составот на Скарборо СЦ во Канадската фудбалска лига.[23] Во првата своја сезона како тренер, тој го предводел тимот на Скарборо до финалето на КСЛ натпреварувањето, но неговиот тим бил поразен од екипата на ФК Воркута во пенал серијата.[24] Наредната сезона клубот завршил како второпласиран во Првата дивизија и обезбедил место за постсезоната. Во плеј-офот, Рајовиќ го предводел тимот од источниот дел на Торонто до финалето на првенството и тоа, втора последователна сезона, каде што го совладале составот на ФК Украина Јунајтед.[25] Во 2020 година ја обезбедил титулата во Првата дивизија и стигнал до финалниот натпревар за шампион против составот на ФК Воркута, во кој бил поразен со резултат 2:1.[26]
Рајовиќ станал помошник тренер на екипата на Српски бели орли, а набргу потоа бил и промовиран во прв тренер.[27]
Приватен живот
уредиТој поседувал српски, хрватски и босанско-херцеговски пасош. Неговиот татко бил поранешниот играч на екипата на Динамо од Винковци, Милорад Рајовиќ.
Признанија
уредиПризнанија како натпреварувач
уредиЗрињски Мостар
- Освоена е Босанската Премиер лига: 2004–05
- Освоен е Босанскиот куп: 2007–08
Индивидуални признанија
уредиИзведби
- Бил најдобар стрелец во босанската Премиер лига: 2004–05 (17 гола)
Тренерски призанија
уредиСкарборо СЦ
- Освоен е Првенството во КСЛ: 2019 година (Канадска Супер Лига)
- Освоена е Канадската фудбалска лига Прва дивизија: 2020 година
Наводи
уреди- ↑ „Statistika odigranih prvenstvenih utakmica i datih golova za FK Vrbas 1969-2007“ (српски). fkvrbas.weebly.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-06. Посетено на 22 April 2017.
- ↑ „"Берое в елита": 1999-2000 г. – Завръщането“ (бугарски). beroe.bg. Посетено на 22 April 2017.
- ↑ „Zoran Rajović“. archive.li. 2013-02-22. Архивирано од изворникот на 2013-02-22. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Zoran Rajović: Živjet će u nama dok Neretva teče“ (хрватски). hercegovina.info. 27 February 2016. Посетено на 22 April 2017.
- ↑ „FK Glasinac 2003-04“. en.eufo.de. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Zrinjski Mostar 2004-05“. en.eufo.de. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Hapoel Kfar Saba 2005-06“. en.eufo.de. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Zrinjski Mostar 2007-08“. en.eufo.de. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „UEFA Champions League, UEFA Cup 2007/08 Details“. www.rsssf.com. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Hajduk Kula 2008-09“. en.eufo.de. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Olimpik Sarajevo 2009-10“. en.eufo.de. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Zoran Rajović: Nisam pogrešio u izboru kluba“. Glas Srpske. Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Zoran Rajović stigao u Leotar“. SportSport.ba (босански). Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Zoran Rajovic - Orasje“. www.footballdatabase.eu. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Yadanabon Football Club | Myanmar National League“. archive.is. 2013-04-11. Архивирано од изворникот на 2013-04-11. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Zoran Rajović: Igranje za Zrinjski mi je najdraže u karijeri“ (хрватски). hercegovina.info. 22 January 2013. Посетено на 22 April 2017.
- ↑ „PROCESSION OF INCOMING TALENT KEY TO SUCCESS OF 2016 CHAMPIONS….never ending arrivals keep Serbian White Eagles on top“. canadiansoccerleague.ca. 12 November 2016. Посетено на 22 April 2017.
- ↑ „Sve što ste hteli da znate... o kanadskoj CLS ligi“. www.mozzartsport.com (англиски). Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Rajović u Orašju - Posavina Sport“. www.posavinasport.com (хрватски). Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Scarborough SC – Canadian Soccer League“ (англиски). Посетено на 2018-12-14.
- ↑ Sokolović, A. (December 5, 2018). „Zoran Rajović za Radiosarajevo.ba: Moje prijateljstvo s Lukom Modrićem“. Radio Sarajevo. Посетено на 2019-12-03.
- ↑ Zoran Rajovic at 11v11.com
- ↑ „Футболен мениджър от Брежани се прицели в титлата в Канадската първа лига“. Вестник СТРУМА (бугарски). Архивирано од изворникот на 2018-12-14. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ „Прокобата на дузпите отново провали К. Димитров в Канада“. Вестник СТРУМА (бугарски). Архивирано од изворникот на 2023-09-29. Посетено на 2018-12-14.
- ↑ Adamson, Stan (October 26, 2019). „SCARBOROUGH ON TOP…..Vorkuta B wins Second Division Championship – Canadian Soccer League“ (англиски). Посетено на 2019-12-03.
- ↑ Adamson, Stan (October 18, 2020). „VORKUTA RALLY FOR CSL CHAMPIONSHIP VICTORY – Canadian Soccer League“. Canadian Soccer League (англиски). Посетено на 2020-10-23.
- ↑ Stanchev, Stancho (November 4, 2021). „Бивши играчи на „Беласица" и „Литекс" сътвориха голово зрелище в Канада“. Вестник СТРУМА (бугарски). Архивирано од изворникот на 2021-11-05. Посетено на 2021-11-05.