Зоран Ковачевски
Зоран Ковачевски (3 април 1943 — 21 јануари 2006) — македонски прозаист.[1]
Зоран Ковачевски | |
---|---|
Роден/а | 3 април 1943![]() |
Починат/а | 21 јануари 2006![]() |
Занимање | писател, правник |
Животопис уреди
Ковачевски е роден на 3 април 1943 година во Светозарево. Завршил Правен факултет во Белград. Работел во Костозглобната болница во Охрид, а подоцна работел како судија во Основниот суд Охрид. Член на ДПМ станал во 1975 година.[2]
Творештво уреди
Во делата на Ковачески се согледува нов манир на раскажување, како спој меѓу народната приказна и современиот расказ.[3] Ковачески е автор на следниве дела:
- „Охридски приказни“ (раскази, 1974)
- „Семејна фреска“ (роман, 1976)
- „Летачи на метли“ (роман, 1980)
- „Аристотел од Ресен“ (раскази, 1984)
- „Добрина“ (раскази, 1990)
- „Одмазда“ (роман, 1992)
- „Историја на светото дело“ (роман, 1993)
- „Пејач“ (раскази, 2000)
Добитник е на наградата „Мисла“ (за роман).
Извори уреди
- ↑ Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 120,
- ↑ Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 175.
Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |