Грб на Свети Кристофер и Невис

Грбот на Свети Кристофер и Невис е официјалниот грб на оваа карипска држава. Грбот е усвоен во 1983 година. Симболите кои се наоѓаат на грбот ги симболизираат земјите Франција, Англија, како и домородната култура. Грбот го придржуваат два пеликани. Под грбот се наоѓа геслото COUNTRY ABOVE SELF („Земјата над себеси“). Грбот на Свети Кристофер и Невис е скоро ист со колонијалниот грб на Свети Кристофер-Невис-Ангвила, разлика има само во боите и геслото.

Грб на Свети Кристофер и Невис
Подробно
ГрбоносецЕлизабета II
Усвоен1983
Челенкашлем и факел
Држачиперликани, кокосова палма и шеќерна трска
Мото„COUNTRY ABOVE SELF“

Опис

уреди

Централен елемент на грбот е штит кој е поделен на три нееднакви дела. Во најгорниот дел на грбот, кој има темносина позадина, има приказ на жолт лилјан, глава на Карибец и бела роза. Лилјанот го симболизира француското влијание во државата, розата го симболизира англиското влијание во државата[1], а Карбецот староседелската култура. Централниот дел од шлемот е во светлосина боја и има приказ на два цвета од цезалпинија во црвена боја, национален цвет на државата. Третиот дел е одделен од вториот со превртена форма на буквата V во црвена боја. Долниот дел од штитот е во светлосина боја и приказ на брод, традиционално превозно средство.

Штитот го држат пеликани во сина боја. Левиот пеликан држи кокосова палма, додека десниот пеликан шеќерна трска. Сите овие се карактеристични за државата. Под штито се наоѓа лента со националното гесло. Над штитот има шлем и факел кој го држи африканска е европска рака. Рацете го симболизираат мешаниот народ. Под факелот има приказ на мала кула. Околу шлемот имап орнамент.

Историски грбови

уреди

Наводи

уреди
  1. „National Flag & Other National Symbols“. St. Kitts & Nevis official website. Архивирано од изворникот на 2007-06-21. Посетено на 2012-07-15.

Поврзано

уреди