Грб на Маршалските Острови

Грбот на Маршалските Острови е официјалниот грб на оваа океанска држава.

Грб на Маршалските Острови
Подробно
Усвоен1980
МотоJepilpin ke Ejukaan.

Опис

уреди

Централен елемент на грбот е син диск кој го симболизира Тихиот Океан. Во центарот на дискот има т.н. „ангел на мирот“, кој има расширени крилја и симболизира мир. Позади ангелот од левата страна имао остров со палма, а од десната остров со кану, а над островите има рибарски алатки и мрежа. Над ангелот е поставена ѕвездата од знамето со 24 краци кои ги симболизираат окрузите во земјата. Од лево и дессно од ѕвездата се појавуваат по една портокалова и по една бела лента што ги симболизираат залезот и изгревот на сонцето. Под ангелот има наутичка карта, а под неа кафеава лента со натпис „печат“ или на англиски „seal“. Околу кругот има прстен во кој има напишано на англиски Government of the Marshall Islands („Влада на Маршалските Острови“), а под него на маршалски Jepilpin ke Ejukaan („Постигнато преку здружени сили“).[1]

Наводи

уреди

Поврзано

уреди