Знаме на Општина Бутел
(Пренасочено од Знаме на Бутел)
Знамето на Општина Бутел е официјалното знаме на оваа скопска општина. Знамето и грбот биле усвоени со усвојувањето на новиот статус по создавањето на општина Бутел како нова општина во Македонија на 22 април 2005.[1]
Употреба | граѓанско знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Опис | Две вертикални нееднакви ленти во црвена и жолта боја со општинскиот грб во средина. |
Опис
уредиЗнамето на Општина Бутел има правоаголна форма. Знамето е составено од ве вертикални нееднакви ленти во жолта и црвена боја, каде жолтата боја е два пат помала од црвената. Боите се преземени од знамето на Македонија, традиционални бои на македонскиот народ. На самиот спој на лентите е поставен грбот на Општина Бутел. Грбот е всушност штит на кој има има приказ на сино небо со македонско сонце, под него планини, мост и зелена површина со златна флора.
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |