Грбот на Боливија е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот е последен пат изменет, врз основа на постара верзија, на 19 јули 2004 година.

Грб на Боливија
Подробно
Усвоен19 јули 2004
Челенкавенец и орел
Штитокруглест штит кој е опколен со 10 ѕвезди и името на државата. Во средина има пејзаж на Боливија и алпака.
Држачиболивиски знамиња, мускети.

Историја

уреди

Првиот грб на Боливија бил составен од штит поделен на четири дела и бил објавен на 10 јули 1825 година за време на владеењето на Симон Боливар. Во најгорниот дел имало пет ѕвезди кои ги претставувале тогашните покраини, потоа следувале дрвото,алпаката и планината. Над грбот се издигал стап со фригиската капа, а од двете страни на стапот имало по една жена кои држеле лента на кое било испишано името на државата. Овој грб бил многу сличен со грбот на Перу и тоа е поврзано со Симон Боливар кој најверојатно се засновал на перуанскиот грб при изработка на боливискиот.

Вториот боливиски грб всушност е модификација на првиот. Тука, штиот бил заменет со овален диск на кој биле прикажани елементите на актуелниот грб. Овој грб е скоро ист со денешниот, освен што нема венец и кондор, а има стап и фригиска капа позади дискот. Тертиот и претпоследен грб на Боливија е скоро ист со денешниот, кога се додале кондорот и венецот на втората верзија и капата била поставена на денешната позиција.

Опис

уреди

Грбот е составен од неколку елементи. Во централниот дел се наоѓа округлест или елипсовиден штит кој има сина граница. На сината граница, во долниот дел има приказ на десет ѕвезди кои ги симболизираат деветте департмани на Боливија и поранешниот боливиски департман кој сега е во Чиле. Во горниот дел од сината граница има натпис „Боливија“ (Bolivia) со златни букви. Во средината на штитот има пејзаж, односно приказ на планината Потоси, над која има изгрев на сонце, а во подножјето има алпака, дрво и класје жито. Планината ја симболизира географијата на Боливија, алпаката е национално животно, додека житото и дрвото ги симболизираат ресурсите на државата.

Штитот го држат по три боливиски знамиња од левата и десната страна. Пред знамињата има вкрстени по две мускети, од кои едната има секира до неа, а другата фригиска капа. До капата и секирата има вкрстени топови. Мускетите, секирата и топовите ја симболизираат борбата за слобода, а капата е симбол на слобода и независност. Над штитот има венец кој симболизира мир и андски кондор кој ја симболизира спремноста да се брани нацијата и нејзината слобода. Во различни верзии, топовите се изоставуваат.

Останати грбови

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди