Злоќудна хипертермија
Злоќудна хипертермија е ретка, живото-загрозувачка состојба која е предизвикана поради изложеност на некои лекови за општа анестезија, особено испарливите анестетици и невромускулниот блокирачки агенс суксаметониум хлорид. Кај суспектибилни поединци овие лекови индуцираат драстичен и неконтролиран пораст на оксидативниот метаболизам на скелетните мускули, што го надминува капацитетот на организмот за снабдување со кислород, отстранување на јаглерод диоксид, и регулирање на телесната температура, што може да доведе до циркулаторен колапс и смрт доколку не се третира брзо.
Злоќудна хипертермија | |
---|---|
Специјалност | Ургентна медицина, Неврологија |
Честота | Грешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value) |
Кога ќе се развие состојба на злоќудна хипертермија, вообичаено се започнува со третман со дантролен натриум; дантроленот и прекин на инхалационата анестезија значително ја намалуваат смртноста од оваа состојба.
Третман
уредиТерапија од избор е интравенска администрација на дантролен, кој претставува единствениот достапен антидот, прекинување на внесот на тригер-агенсите, и супортивна терапија насочена кон корегирање на хипертермијата, ацидозата и органската дисфункција. Третманот треба да се иницира веднаш штом се јави клиничко сомневање за почеток на злоќудна хипертермија.[1]
Наводи
уреди- ↑ Halsall PJ, Hopkins PM; Hopkins (2003). „Malignant hyperthermia“. Continuing Education in Anaethesia, Critical Care and Pain. 3 (1): 5–9. doi:10.1093/bjacepd/mkg002. Архивирано од изворникот 2006-10-03.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |