Златкова кула

средновековна кула во Кратово

Златкова куласредновековна кула во градот Кратово прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Златкова кула
Поглед на кулата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкула
ГрадКратово
Земја Македонија
Завршена1365
Висина14,15
Технички податоци
Катови3

Според стилските особености, кулата е изградена најверојатно во 1365 година.[2] Сместена е во градскиот центар и е една од 12-те одбранбени кули на Кратово.[3] Се наоѓа меѓу Симиќевата кула и Саат-кулата. Има две приземја (горно и долно) и уште два ката. Поставена е на квадратна основа со димензии 6,30 × 6,50 м. Се издига на височина од 14,15 метри. Влезот првично бил од источната страна, но преместен е на денешното место по многубројни реконструкции.[2] Денес влезот е од северната страна.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 Доневски, Јаким (2016). „Средновековните кули во Кратово“. AXIOS, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. 1: 84. ISSN: 2545-4285.
  3. „Кратовски Кули“. Culture Map. Архивирано од изворникот на 2017-04-28. Посетено на 9 јули 2017.
  4. Доневски, Јаким (2016). „Средновековните кули во Кратово“. AXIOS, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. 1: 85. ISSN: 2545-4285.