Средновековни кули во Кратово
Во Кратово, од двете страни на Табачка Река, имало дванаесет кули, пет на десната и седум на левата страна од реката. Денес во градот има шест кули, од кои некои се позачувани, а други веќе се полуурнати.[1]
Градба
уредиЅидините се од полуклепан камен и малтер, додека добро обработениот камен е употребен за вратите, прозорците, скалилата и ќошовите на кулите. Нивната внатрешност е поделена на три до четири ката: горните катови имаат по еден балкон и одделенија за живеење. Во долниот дел на кулите прозорците се потесни и издолжени, а што се оди понагоре, тие се сè пошироки. Сите прозорци имаат железни решетки. За заштита на кулите биле изградени и посебни посматрачници со мали отвори, однадвор оградени со камени штитови.
Историја
уредиДосега не се откриени историски податоци за времето на ѕидањето на кулите. Постои мислење според кое рударскиот центар Кратово, во кој во извесен период се ковале и монети, имал потреба од вакви одбранбени кули и пред доаѓањето на Турците. Меѓутоа, извесни архитектонски форми и декораивни елементи што ги имаат кратовските кули зборуваат во прилог на мислењето дека се дело на градителите од турскиот период.
Наводи
уреди- ↑ Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980