Златен дабов венец од Кутлеш
Златен дабов венец од Кутлеш (грчки: Χρυσό στεφάνι της Βεργίνας) — древномакедонски погребен предмет од античкиот град Ајга кај денешното село Кутлеш, Берско, Егејска Македонија. Направен е од злато и претставува венец од дабови листови со желади со исклучително реалистичен изглед. Овој венец е меѓу најскапоцените наоди пронајдени при ископувањето на Македонските кралски гробници. Датира од IV век п.н.е. и се смета дека со него е погребан кралот Филип II Македонски.[1]
Златен дабов венец | |
---|---|
Златниот дабов венец | |
Вид | погребна круна |
Материјал | злато |
Симболи | дабови листови и желади |
Создаден | IV век п.н.е. |
Период/култура | Македонско Кралство |
Откриен | 1977 Македонски кралски гробници, Ајга (Кутлеш, Берско, Егејска Македонија) 40°29′14″N 22°18′56″E / 40.4872° СГШ; 22.3155° ИГД |
Сегашна локација | Музеј на Македонските кралски гробници, Кутлеш |
Култура | Македонија |
Наодите од гробниците првично стоеле во Археолошкиот музеј во Солун, но во 1997 г. се преместени во Музејот на Македонските кралски гробници во Кутлеш.[2] Освен венецот на Филип II, тука се изложени и други вредни предмети од гробниците, меѓу кои и Златниот миртов венец на Меда Одеска, петтата сопруга на Филип.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Willis, Gary (10 декември 2015). „Splendors of the Dead“. The New York Review of Books. Посетено на 22 април 2020.
- ↑ „Καθ' οδόν: Στη Βεργίνα“. Ριζοσπάστης. 16 февруари 2003. Посетено на 22 април 2020.