Зита Гиловска
Зита Јанина Гиловска (родена на 7 јули 1949 - 5 април 2016[1]) била полски економист, академик и политичар.
Зита Гиловска | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста 10 септември 2007 – 16 ноември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Јарослав Качиснки (Привремен) |
Наследник | Јацек Ростовски |
На должноста 22 септември 2006 – 7 септември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Станислав Клуза |
Наследник | Јарослав Качински (Привремен) |
На должноста 7 јануари 2006 – 24 јуни 2006 | |
Премиер | Казимјеж Марчинкевич |
Претходник | Тереса Лубинска |
Наследник | Павел Војцечовски |
Вицепремиер | |
На должноста 10 септември 2007 – 16 ноември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Пшемислав Госјевски |
Наследник | Пшемислав Госјевски |
На должноста 22 септември 2006 – 7 септември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Роман Гјертич |
Наследник | Пшемислав Госјевски |
На должноста 7 јануари 2006 – 24 јуни 2006 | |
Премиер | Казимјеж Марчинкевич |
Претходник | Лудвик Дорн |
Наследник | Роман Гјертич |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 јули 1949 Нове Мјасто Лубавскје, Полска |
Починал(а) | 5 април 2016 Швидник, Полска | (возр. 66)
Националност | Полска |
Партија | Унија на слободата Граѓанска Платформа |
Установа | Варшавски универзитет Универзитет "Марија Кири-Склодовска |
Ран живот и образование
уредиГиловска била родена во Нове Мјасто Лубавскје на 7 јули 1949 година.[2] Во 1972 година таа дипломирала економија на Варшавскиот универзитет.[3] Во 1981 година, таа ја одбанила својата докторска теза по економија на Универзитетот "Марија Кири-Склодовска" во Лублин.[3]
Кариера
уредиОд 1972 до 1985 година, Гиловска била истражувачки асистент на Универзитетот "Марија Кири-Склодовска"[3] и подоцна на истиот институт станала вонреден професор од 1995 до 1999 година.[3] Во 2001 година, таа станала редовен професор на Лублинскиот католичкиот универзит.[3] Од 1994 до 1996 година, таа била член на либералната партија, Унија на слободата (Unia Wolności).[3] Таа била поранешен потпретседател на партијата Граѓанската платформа (полски: Platforma Obywatelska); сепак, таа ја напуштила партијата на 21 мај 2005 година[3] во знак на протест поради обвинувањата од сопартијците за неправилност. Од 2001 до 2005 година, таа била пратеник во Сејмот (долниот дом на полскиот парламент).
Од 7 јануари до 23 јуни 2006 година, таа била заменик-премиер и министер за финансии во Владата за право и правда под Казимјеж Марчинкевич.[2] Таа била отпуштена поради обвинувањата за нејзина соработка во времето на комунизмот.[4][5] Павел Војчеховски ја заменил како министер за финансии.[4]
Од 22 септември 2006 до 16 ноември 2007 година, таа повторно била вицепремиер и министер за финансии.[6] Во октомври 2006 година, Гиловска била на чело на полскиот финансиски надзорен орган и гувернер на Европската инвестициска банка на Полска.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Zyta Gilowska nie żyje. Tusk: "Odeszła jedna z najbardziej wyrazistych postaci polskiej polityki"“ (полски). gazeta.pl. April 5, 2016. Архивирано од изворникот на 6 April 2016. Посетено на April 7, 2016.
- ↑ 2,0 2,1 Marek Jan Chodakiewicz (25 September 2006). „Zyta or "Beata": The Convoluted Case of Poland's Deputy Prime Minister“. World Politics Review. Посетено на 28 August 2013.Marek Jan Chodakiewicz (25 September 2006). "Zyta or "Beata": The Convoluted Case of Poland's Deputy Prime Minister". World Politics Review. Retrieved 28 August 2013.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „Zyta Gilowska, new Governor for Poland“. European Investment Bank. 11 October 2006. Посетено на 28 August 2013."Zyta Gilowska, new Governor for Poland". European Investment Bank. 11 October 2006. Retrieved 28 August 2013.
- ↑ 4,0 4,1 „Polish minister fired in spy row“. BBC. 23 June 2006. Посетено на 28 August 2013.
- ↑ Judy Dempsey (10 June 2006). „Polish President to Appoint His Twin as Prime Minister“. The New York Times. Berlin. Посетено на 28 August 2013.
- ↑ „Poland Ministries“. Rulers. Посетено на 28 August 2013.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Станислав Клуза |
Министер за финансии 2006–2007 |
Наследник Јацек Ростовски |