Зилјана

река во Лариско, Тесалија и Катеринско, Егејска Македонија

Зилјана (грчки: Ζηλιάνα или Ζυλιάνα и Ζιλιάνα) — река во Лариско, Тесалија и Катеринско, Егејска Македонија.[1]

Зилјана
Ζηλιάνα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајЛариско, Тесалија и Катеринско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоОлимп
 • координати39°55′12″N 22°22′52″E / 39.9201° СГШ; 22.3811° ИГД / 39.9201; 22.3811
 • надм. вис.1.340 м
Устие 
 • место
Солунски Залив кај Лептокарија
 • координати
40°02′37″N 22°34′58″E / 40.0436° СГШ; 22.5827° ИГД / 40.0436; 22.5827
 • надм. вис.
0
Големина на сливот169,1 км2
Особености на сливот
Зилјана во рамките на Егејска Македонија
извор
утока

Реката се образува од потоци кои се спуштаат од западот на Олимп во котлина југозападно од лариското село Карија на 900 м.н.в., при што најдолгиот од нив извира северно под врвот Годаман (1.360 м). Зилјана тече најопшто во североисточен правец, и коритото ѝ преминува во шумовит дол каде живеат диви свињи. Спуштајќи се, таа уште повеќе се стеснува и се продлабочува. Излегува во Пиериската Низина северно од Скотина (веќе во Егејска Македонија) и се влева во Солунскиот Залив јужно од Лептокарија.[1]

Сливот зафаќа површина од 169,1 км2 и во него има само 4 населени места — Карија и Скамња во Општина Еласона и Скотина и Горна Скотина во Општина Дион-Олимп. Највисоката точка во сливот е врвот Метаморфоси (2.697 м). Најполноводна е има кога се топат снеговите, и при силен дожд со себе носи камења и дрва, а понекогаш и се прелева и го поплавува подрачјето на Скотина.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Πολυχρονιάδης, Κωνσταντίνος Ευσταθίου (2010). Τυπολογία και εκτίμηση της οικολογικής κατάστασης με τη χρήση των γεωγραφικών συστημάτων πληροφοριών (ΓΣΠ) στη λεκάνη απορροής του ποταμού Ζηλιάνα (υδατικό διαμέρισμα Δυτικής Μακεδονίας) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Σχολή Θετικών Επιστημών, Τμήμα Βιολογίας. стр. 14.