Зевксипови бањи — јавни бањи кои се наоѓале во Цариград. Изградени се во периодот помеѓу 100 и 200 година, а уништени во времето на бунтот Ника во 532 година[1], а по неколку години биле повторно изградени. Овие бањи биле наречени со тоа име бидејќи претходно на ова место се наоѓал храм на богот Јупитер (Зевс)[2]. Бањите биле поснати по големиот број на статуи. Овие статуи подоцна биле користени за воени цели, во текот на 7 век и сите биле уништени. Последните ископувања на наоѓалиштето биле направени во 1928 година.

Зевксипови бањи
Карта на административниот дел од Цариград
Карта
Општи податоци
ГрадЦариград
ЗемјаВизантија
Почната2 век
Урната532

Опис уреди

Бањите биле изградени во времето на Септимиј Север[3], а реновирани во времето на Константин Велики[4]. Во тоа време биле поставени и голем број на статуи кои броеле околу 80 со бројни мозаици. Овде постоеле статуи на Хомер, Хесиод, Платон, Аристотел, Јулиј Цезар, Демостен и Вергилиј[4], фигури на богови и митски херои[5]. Овие статуи биле земени од различни места по светот, како Азија, Рим, Грција и Мала Азија[6].

Местото било користено како јавно капење. На мажите и жените не им било дозволувано да се капат заедно, туку морале да бидат во одделни бањи или да одат во различен период во денот[7].

Популарноста на овие бањи меѓу населението било многу голема и покрај тоа што имало неколку бањи во градот, кои имале јавен пристап. Во овие бањи дури оделе и свештениците и монасите[7].

Локација уреди

Бањата се наоѓала во близина на Големата императорска палата. Бањата граничела со Августајон, во близина на Аја Софија. Ископувањата кои биле спроведени ја докажале локацијата, па самите биле поврзани со големата палата.

Реконструкција уреди

По бунтот Ника во 532 година, најголем дел од градбите во градот биле разрушени, а илјадници биле мртви. Бањата не била поштедена. Додека презел мерки за реконструкција на бањите, Јустинијан не можел да ги реновира статуите и антиквитетите, кои биле изгубени по 532 година.[4].

По ова, во текот на 7 век бањите започнале да ги користат единствено византиската армија.[7][8]. Кон почетокот на 8 век, дел од бањите биле претворени во затвор, а друг дел служел како работилница.

Речиси 1.000 години подоцна, отоманскиот султан Мимар Синан на местото изградил бања Хасеки Хурем Султан на основата на старите бањи. Во 1928 година било спроведено ископување каде биле пронајдени остатоци од различни времиња.

Наводи уреди

  1. Ward-Perkins, B. p. 935
  2. Gilles, P. p. 70
  3. Wornum, R.N.
  4. 4,0 4,1 4,2 Bury, J.B. p. 55
  5. Müller, K.O.; Welcker, F.G. p. 208
  6. Evans, J.A.S. p. 30
  7. 7,0 7,1 7,2 Rautman, M.L. p. 77
  8. Gibbon, E. p. 950

Надворешни врски уреди

Координати: 41°00′23″N 28°58′33″E / 41.00639° СГШ; 28.97583° ИГД / 41.00639; 28.97583