Здружение на копаничарите на Македонија

Здружението на копаничарите на Македонија - Битолаздружение во Македонија. Здружението било основано на 1993 година во Битола. Здужението се занимава со промовирање на копаничарството, негова афирмација и продолжување на македонската копаничарска традиција. Здружението согласно 2021 година се состои 200 регирстрирано членови, додека активни се 50тина.

Здружение на копаничарите на Македонија
КратенкаЗКМАК
Основана1993
ПретседателВеселин Поповски
ПотпретседателБорис Попев

Историја

уреди

Здружението било основано во 1993 година од страна на копаничарите Никола Прчков, Злате Крстески и Мирко Гашпарец. Идејата за создавање на здружението дошла во 1992 година, а службено било регистрирано на 25 јануари 1993 година. Основачите, меѓу веќе споменатите, биле: Александар Чавдаровски, Гоце Крстески, Веселин Талевски, Љупчо Димовски, сите од Битола.[1]

Првата изложба на членовите на здружението била во истата 1993 година, од 10 до 23 мај во Ликовната галерија во Битола. Во 90те години, биле организирани по неколку изложби годишно.[1]

Првата колонија била одржана од 3 до 10 јуни 1994 година во манастирот Јован Бигорски каде што неколку години таму била одржувана.[2]

Активности

уреди
 
Иконостасот на црквата „Св. Богородица“ во Младо Нагоричане. Направен од копаничари кои се членови на ЗКМАК.

Здружението, по повод 50 години постоење на Шумарскиот факултет и пет години од идејата за ЗКМАК, организирало семинар на македонското копаничарсто на 11 декември 1997 во Скопје.[3]

ЗКМАК на годишно ниво прави една колонија и се одржува во јуни. Досега колонијата била правена манастирите Јован Бигорски, Јоаким Осоговски, Буковскиот манастир, Орешкиот манастир, Полошкиот манастир.

Исложбата на ЗКМАК традиционално е одржувана во септември во Скопје во Домот на АРМ.

Публикации

уреди

Во пролетта 1996 година излегло првото издание „Копаничар“ како пишан труд на здружението. Списанието излегува еднаш годишно.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Крстески, Злате; Крстески, Јане, уред. (2002). Тајните на копаничарството. Битола: Копаничарско ателје „МАКЕ“ - Битола. стр. 12.
  2. 2,0 2,1 Крстески, Злате; Крстески, Јане, уред. (2002). Тајните на копаничарството. Битола: Копаничарско ателје „МАКЕ“ - Битола. стр. 13.
  3. Крстески, Злате; Крстески, Јане, уред. (2002). Тајните на копаничарството. Битола: Копаничарско ателје „МАКЕ“ - Битола. стр. 14.