Орешки манастир
манастир на МПЦ-ОА
Орешки манастир — обновен манастир во азотското село Ореше, сместен над селото.[1][2]
Старите манастирски конаци | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Ореше |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Ѓорѓи |
Епархија | Повардарска |
Цркви | „Св. Ѓорѓи“ |
Личности | |
Место | |
Место | Ореше, Општина Чашка, Македонија |
Координати | 41°38′4″N 21°24′10″E / 41.63444° СГШ; 21.40278° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, стари и нови конаци, трпезарија, кујна |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Богомилска парохија) |
Манастирот е сместен во пазувите на планината Даутица, на оддалеченост од околу 3,5 километри од селото Ореше, во месноста Манастиришта.
Историја
уредиМанастирот бил обновен во 2004 година.[2]
Градби во манастирот
уредиМанастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, старите и новите манастирските конаци, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
уредиГлавната манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи, по која е и наречен целиот манастир.[2]
Конаци
уредиВо манастирот постојат стари и нови манастирски конаци. Воедно, манастирот поседува опремена кујна и трпезарија.
Галерија
уреди-
Новиот конак на манастирот
-
Старите конаци
-
Старите конаци
-
Поглед на старите манастирски конаци
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Богомилска парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 25 август 2018.
Надворешни врски
уреди- Орешки манастир на Ризницата ?