Здравко Савески (роден на 11 декември 1976 во Битола) — доктор на политички науки, синдикалец и активист. Поранешен член на преизидумот на политичката партија Левица.[1] Бил основач и член на левичарското движење Солидарност до 2015, и на движењето за социјална правда Ленка до 2011. Савески бил секретар на Мултиетничкиот синдикат на образованието до февруари 2016 година, а претходно бил професор на универзитетот ФОН во Скопје.

Учество во МЕСО

уреди

Савески е член на МЕСО од 2013 година, а бил секретар во МЕСО од ноември 2014 до февруари 2016 година. МЕСО било исклучено од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поради тоа што грубо го прекршиле статутот на ССМ, додека Савески бил на функцијата секретар. Во реакцијата на ССМ стои дека МЕСО биле исклучени од синдикатот затоа што соработувале со невладини организации и политички партии.[2]

Активизам

уреди

На 25 април 2016 година, Савески бил уапсен и се товарел дека за време на протестот на 13 април против аболицијата која ја објавил претседателот Ѓорѓе Иванов, влегол во народната канцеларија на претседателот, запалил фотографија со неговиот лик и фрлил предмет кон канцеларијата.[3] Од Левица апсењето на Савески го карактеризираат како политички прогон на неистомисленици и дека е со цел да се угуши народниот револт.[4] Покрај кривичната пријава, основниот суд Скопје 1, на Савески му одредил и мерка куќен притвор од 8 дена.[5] На 10 јуни 2016 година, по 45 дена, судот го укинал куќниот притвор но му го одзел пасошот како мерка на претпазливост.[6]

Трудови

уреди
  • „Историјата и политиката“ (во „Е-зборник на трудови“, Македонски политиколошки форум, Скопје, 2014)
  • “Radical Right in Macedonia”, International Policy Analysis, Friedrich Ebert Stiftung, December 2012 (во соавторство со Артан Садику).
  • „Критичка анализа на концептуализацијата на политичката култура на Г. Алмонд и С. Верба” (во „Годишник за 2007 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања“, ИСППИ, Скопје, 2008).
  • „Нерационалноста на македонските избирачи и потребата од нејзино надминување” (во „Парламентарните избори 2006 и македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО”, Европски Универзитет, Скопје, 2006);
  • „The process of the reduction of workers’ rights in Macedonia in the period 1993-2003” (“South East Europe Review for Labour and Social Affairs”, “Hans Bőckler Stiftung”, 2/2005);
  • „Медиумите и контролата на мислата во демократските општества” (поговор кон Ноам Чомски „Нужни илузии”, „Култура”, Скопје, 2004);

Книги

уреди
  • „Национализмот во(н) контекст: соработката на Албанците и Македонците од Илинденското востание до НОВ“, Левичарско движење „Солидарност“, Скопје, 2014. (соавтор)[7][8]
  • „Богатството и сиромаштијата во Македонија“, Левичарско движење „Солидарност“, Скопје, 2013. (соавтор)
  • „Демократија: модели и дилеми“, „Готен“, Скопје, 2011. (автор)
  • „Штрајк: искуства и состојби“, Движење за социјална правда – Ленка, Скопје, 2011 (уредник)
  • „Обезвреднување на трудот: анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата“, Движење за социјална правда – Ленка, Скопје, 2010 (соавтор)
  • „Отаде едноумието: повторно откривање на левицата”, „Култура”, Скопје, 2006. (автор)

Наводи

уреди
  1. „ПРЕЗИДИУМ - Левица“. Архивирано од изворникот на 2016-07-03. Посетено на 2016-07-03.
  2. МЕСО е исклучен од ССМ зашто соработувал со партии и НВО[мртва врска]
  3. Савески уапсен поради симнување на сликата од Иванов
  4. „Левица: Апсењето на Савески е политички прогон на неистомисленици“. Архивирано од изворникот на 2016-07-03. Посетено на 2016-07-03.
  5. Куќен притвор и одземање пасош за Савески и Куновски
  6. „Укинат домашниот притвор за двајцата членови на Левица | МКД.мк“. Архивирано од изворникот на 2016-06-14. Посетено на 2016-07-03.
  7. Промоција на книга за национализмот и соработката на Албанците и Македонците од Илинден до НОБ
  8. Левичарското движење „Солидарност“ во 2014 година[мртва врска]

Надворешни врски

уреди