Левичарско движење Солидарност

Левичарското движење Солидарност е левичарска активистичка организација која се залага за хуманизација на сите сфери во општеството, социјална правда, унапредување на работничките права партиципативна демократија и родова рамноправност.[1] „Солидарност“ обединува луѓе кои се против сите авторитарни форми на владеење и нивните системи за експлоатација, како и против национализмот, милитаризмот и клерикализмот. Формирана е во мај 2012 година откако неколку членови и членки го напуштија движењето за социјална правда Ленка.

Логото на ЛД Солидарност

Организација на 1 мај уреди

Левичарското движење Солидарност од самото свое постоење е вклучено во организација на Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Преку разни гостувања во медиуми, вклучување на синдикати, упатување барања до власта и протест за 1 мај, ЛД „Солидарност“ го популаризира и се труди да го претстави овој датум во својата изворна функција.

Публикации уреди

  • Обезвреднување на трудот 2: Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014
  • Здравјето како право и како услуга – Правата на пациентите во македонската легислатива 1991-2014
  • Политиките на пазарот на труд и сиромаштијата во Македонија 2008-201
  • Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2012
  • Весник на Солидарноста бр. 1 “Mигротија”

Наводи уреди

  1. „За нас - Солидарност“. Архивирано од изворникот на 2016-08-01. Посетено на 2016-07-26.

Надворешни врски уреди