Захарија Прибислављевиќ
Захарија Прибислављевиќ или Захарија од Србија (890-924) бил кнез на Србите од 922 до 924 година. Тој го поразил својот братучед Павле во 922 година. Захарија бил син на Прибислав, најстариот син на Мутимир (851–891) од првата српска династија на владетели, династијата на Властимировиќ (владеела од почетокот на VII век).[1]
Владеење
уредиДинастија Властимировиќ:
- Вишеслав по 780 година
- Радослав по 800 година
- Просигој до 830 година
- Властимир од 830 до 851 година
- Мутимир од 851 до 891 година
- Прибислав од 891 до 892 година
- Петар од 892 до 917 година
- Павле од 917 до 921 година
- Захарија од 921 до 924 година и
- Часлав од 933 до 960 година
Биографија
уредиНеговиот татко, Прибислав, владеел со Србија од 891 до 892 година додека неговиот внук Петар, синот на Гојник, се вратил од егзил и го поразил во битка Прибислав и владеел со Србија од 892 до 917 година.[2] По поразот, Прибислав побегнал во Хрватска со неговите браќа Бран и Стефан.[2] Бран подоцна се вратил и во 894 година водел неуспешен бунт против Петар.[2] Бран бил поразен, заробен и ослепен (заслепувањето било византиска традиција со цел да се дисквалификува лице од преземање на престолот).[3] Прибислав подоцна продолжил да живее во Константинопол.[2]
Византиско-бугарските војни ја створиле Првата бугарска империја де факто најмоќната империја во Југоисточна Европа во тој период. Бугарите победиле откако извршиле инвазија во вистинско време. Се соочиле со мал отпор на север поради тоа што Византијците во истиот период се бореле против Арапите во пределот на Анадолија.[4] Во битката со Арапите Византијците биле приморани да склучат мир. По склучениот мир Византијаците ја испратиле целата своја војска против Бугарите, но биле решително поразени во битката кај Ахелоус во 917 година. Бугарите во тоа време ги водел владетелот Симеон I Бугарски. Петар веднаш преминал на страната на Византијците. Подоцна бил сменет и испратен во Бугарија. Павле Брановиќ бил поставен од страна на Бугарите во 917 година како владетел и на таа позиција останал од 917 до 921 година.
Правило
уреди
Захарија бил испратен во 920 година од страна Романос I Лекапенос (920–944) да го врати престолот (како вистински принц),[5] но бил заробен од страна на Павле и испратен кај владетелот Симеон во Бугарија.[2] По ова, Византијците испратиле пратеници кај Павле, обидувајќи се да го направат византиски сојузник. Во меѓувреме Бугарите се обиделе да го индоктринираат Захарија.[2] Се чини дека Византијците му дале многу злато на Павле за да го придобијат, покажувајќи на опасноста од силната Бугарија насочена кон Србија.[2] Бугарските трупи биле концентрирани во месноста Тракија, каде Симеон ги опседнал сите градови.[2] Во 921 година, Павле бил придобиен од Византијците и тој започнал да подготвува напад врз Бугарија.[2] Симеон бил задржан за време на походот[5] и бил предупреден да ги поштеди војниците. Тој, се мисли на Симеон, му го ветил на Захарија престолот ако го победи Павле.[2] Интервенцијата била успешна. Захарија до пролетта 922 година ја добил контролата над Србија.[2] [5] Уште еднаш се случило еден бугарски сојузник да застане на српскиот престол, но не за долго.[2]
Захарија, кој долго време живеел во Константинопол, каде што бил под големо влијание на Византијците, веројатно им замерил на Бугарите по неговото заробување и не бил вистински придобиен од нивна страна.[2] Било природно што Србите биле провизантиски и антибугарски настроени. Византијците биле оддалечени и нуделе поголема независност, додека моќната Бугарија се мешала со внатрешните работи на својот сосед.[2] Захарија го продолжил првобитниот сојуз со Византиската империја.[5]
Тој започнал да обединува неколку словенски племиња долж заедничката граница за подоцна да ги искористи во побуните против Бугарија. Во 923 година, Симеон испратил недоволен број на свои војници за да ги задушат бунтовниците. Сите тие биле убиени помеѓу кои имало и неколку генерали, а нивните глави и оружје Захарија ги спакувал и им ги испратил како подарок на Византијците.[2] [5] [6] Симеон се обидел и не успеал да се здружи со Фатимидите во поморската опсада на градот Константинопол, и кога ја загубил битката против Захарија, решил да се сретне со византискиот владетел Роман.[2] Во септември 923 година, Симеон пристигнал во Константинопол, барајќи средба со императорот.[2] За време на состанокот Роман го запрашал Симеон, како Бугаринот можел да живее со толку многу крв на рацете.[2] На средбата се разговарало за склучување на мир, но Симеон си заминал пред да бидат потпишани или да се предвидат било какви услови.[2] Веројатно Симеон во тоа време сакал да има мир со Грците за да можел поефикасно да се справи со проблемот што му го создавал Захарија.[2]
Во 924 година, големата бугарска војска била испратена во Србија, предводена од Часлав, вториот братучед на Захарија.[2] Војската опустошила добар дел од Србија, принудувајќи го Захарија да побегне во правец на Хрватска.[2] Захарија веројатно ги водел своите војници во Хрватска.[7] [8] Симеон ги повикал сите српски војводи да му оддадат почит на нивниот нов кнез, но наместо да го постави Часлав за кнез, тој ги зел во заробеништво сите видни авторитети и ја анектирал територијата на Србија.[2] Бугарија во тој момент значително ги проширила своите граници, граничејќи се со својот сојузник Михаил од Захумље и цела Хрватска на чија територија побегнал Захарија.[2] Хрватска во тоа време го имала еден од своите најмоќни водачи во историјата, тоа бил владетелот Томислав.[2]
Подоцна во 927 година Србија, Часлав го презел престолот со византиска помош, владеејќи со Србија до 950-тите години. Оттогаш за Захарија немало повеќе никакви информации.[2]
Наводи
уреди- ↑ Moravcsik 1967.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 2,19 2,20 2,21 2,22 2,23 2,24 2,25 Fine 1991.
- ↑ Longworth, Philip (1997), The making of Eastern Europe: from prehistory to postcommunism (1997. изд.), Palgrave Macmillan, стр. 321, ISBN 0-312-17445-4
- ↑ Theophanes Continuatus, p. 312., cited in Vasil'ev, A. (1902) (in Russian). Vizantija i araby, II. pp. 88, p. 104, pp. 108–111
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Treadgold 1997.
- ↑ Byzantine style, religion and civilization: in honour of Sir Steven Runciman, p. 349-350
- ↑ Logos 2019.
- ↑ Bury 1920.