Западен Леден Гребен

Западен Леден Гребен (англиски: West Ice Shelf) — важен леден гребен долж Брегот на Леополд и Астрид на Источниот Антарктик. Се протега во должина од 350 км во правец исток-запад, помеѓу Препречниот Залив и заливот Посадовски, па 120 км на север од континенталниот раб.[1]

ЗЛГ во рамките на Антарктик
ЗЛГ
Местоположба на Антарктикот
Царски пингвин на кај гребенот

Откривање и именувањеУреди

Гребенот е откриен од Првата германска антарктичка експедиција (1901–1903) под водство на Ерих фон Дригалски. Наречен е „Западен“ поради насоката во која е забележан. Бродот се заглавил во пловечки мраз на ова место на 21 февруари 1902 г. и останал заробен сè до 8 февруари 1903 г.

Место од орнитолошка важностУреди

Близу северозападниот раб на гребенот има морски мраз со површина од 416 ха, прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи таму живее колонија на царски пингвини.[1]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „West Ice Shelf“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2015. Посетено на 6 декември 2020.

Надворешни врскиУреди