Зана Алиу (албански: Zana Aliu; родена на 21 април 1993) — македонска пејачка од албанска народност, која ја претставувала Македонија на Детска Евровизија 2006 во Букурешт во 2006 година. Тогаш таа имала 13 години и ја извела песната „Вљубена“ на македонски јазик.[1][2]

Зана почнала да пее од својата 6-та година. Од тогаш Зана активно пеела, била редовен член на училишниот хор со кој има освоено повеќе награди во Македонија. Има настапувано на неколку манифестации во Универзалната сала во Скопје. Таа одела на часови по пијано. За Детската Евровизија, таа напишала две песни, но сепак се решила за „Вљубена“ затоа што е „пожива“ песна, со повеќе енергија и ритам за разлика од другата која е потивка и поспора. Основно училиште завршила во ОУ „Петар Здравковски Пенко“. Таа зборува англиски, италијански и шпански. Сака да игра тенис, а тренирала и кошарка во КК Шкупи.

Настапот на Зана добил 14 поени (од нив по 12 биле дадени на секој учесник на почетокот и уште 2 добила од Романија при ТВ-гласањето).

Семејство

уреди

Зана има помал брат Блерон и постара сестра Егзона. Нејзината сестра Егзона студирала во Сакраменто, Соединетите Држави.

Наводи

уреди
  1. „Macedonia JESC“. esckaz.com. Посетено на 2022-05-11.
  2. „..:: MRT.com.mk ::.. - Детски Евросонг 2006“. web.archive.org. 2009-05-30. Архивирано од изворникот на 2009-05-30. Посетено на 2022-05-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)