Замбра (арап. zamr) е стил на фламенко танц, карактеристичен за Ромите од провинциите Гранада и Алмерија (Андалусија, Шпанија).[1]

Се верува дека замбра е продолжение на претходните морискоски стилови на танц.[2] Станал карактеристичен за време на свадбените церемонии на Ромите, иако денес особено често го користат туристите во пештерите Сакромонте (Гранада) и Алмерија .

Танцот бил забранет во Шпанија во 16 век, за време на инквизицијата, од политички причини Филип Втори Шпански во желбата со тоа да ги елиминира сите траги од било која култура, освен католичката, иако тој и понатаму тајно се вежбал. Исто така, се сметало дека овој вид танц се сметал за грешен. Во модерно време, претставници се Кармен Амаја, Лола Флорес и Пуела Лунарис, кои први ја прифатиле забрата. За овој босоног танц се користат чинели и дувачки инструменти.[3][4]

Наводи

уреди
  1. „Zambra mora“. Flamenco.one (англиски). Посетено на 2021-04-01.
  2. „Zambra Mora or flamenco fusion belly dance and dancing“. worldbellydance.com (англиски). 2019-10-02. Посетено на 2021-04-01.
  3. „sambra | enciclopèdia.cat“. www.enciclopedia.cat. Посетено на 2021-04-01.
  4. „Zambra Mora Flamenca“. www.puelalunaris.com (англиски). Посетено на 2021-04-01.