Зад екранот (филм од 1916)

Зад екранот (англиски: Behind the screen) - американски филм од 1916 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance), Ерик Кембел (Eric Cambell), Алберт Остин (Albert Austin) и Хенри Бергман (Henry Bergman).[1]

Содржина

уреди
 
Постерот за филмот „Зад екранот“

Давид (го игра Чаплин) работи како помошник на сценографот во едно филмско студио. Главниот сценограф (го глуми Кембел), кој се вика Голијат, не работи ништо и постојано го малтретира својот помошник. Кога тие ќе бидат повикани на снимањето на една сцена во филмска комедија, давид добива можност да му се одмазди на Голијат така што го гаѓа со чинии полни со храна. Потоа, на снимањето на друга сцена, тој со својата несмасна работа го повредува режисерот (го игра Бергман), а кога ќе биде повикан да помогне во трета сцена, тој ги повредува Голијат и глумците. Подоцна, како помошник на сценографот се вработува една девојка (ја игра Пурвианс), преправена како машко, а во меѓувреме, работниците во студиото започнуваат штрајк и сакаат да подметнат експлозив во студиото. Девојката ги открива, а Давид ѝ помага да ги средат штрајкувачите. На крајот од филмот, Давид ја освојува девојката.[2]

Наводи

уреди