Задгробен живот (филм од 1998)

Задгробен живот (јапонски: ワンダフルライフ, Wandafuru raifu) - јапонски филм од 1998 година, во режија на Хироказу Кореда кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Арата Јура, Ерика Ода, Сусуму Тераџима, Кјоко Кагава, Кеј Тани, Такетоши Наито итн.

Синопсис

уреди

Во една зграда пристигнува група луѓе кои штотуку умреле. Во зградата работат луѓе кои умреле порано и кои имаат задача да ги подготват новоумрените за вечниот задгробен живот. Притоа, секој од новоумрените има рок од три дена за да го избере своето омилено сеќавање, а потоа вработените во зградата снимаат филмска сцена со омиленото сеќавање. На тој начин, новоумрените имаат можност вечно да го задржат своето омилено сеќавање. Меѓу новоумрените има различни личности: некои не можат да се сетат, некои одбиваат да изберат итн. На крајот од неделата, секој од новодојдените го гледа краткиот филм со неговото омилено сеќавање и веднаш потоа исчезнува во вечниот живот. Меѓу вработените кои им помагаат на новоумрените е младиот Такаши (го игра Јура) кој е задолжен за постариот човек Ихиро Ватанабе (го игра Наито) кој не може да го избере омиленото сеќавање. Прегледувајќи ги видео-снимките со неговиот живот, Такаши забележува дека сопругата на Ихиро е Кјоко, неговата љубов од младоста. Така, Такаши се присетува на еден настан и бара тоа сеќавање да биде снимено на филм по што тој исчезнува во вечноста. Истовремено, меѓу вработените се наоѓа и младата девојка Шиори (ја игра Ода) која чувствува рпивлечност кон Такаши.[1] Т

Наводи

уреди